Тестирање за КОВИД-19 на аеродромот

Тестирање за КОВИД-19 на аеродромот

ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОВИД-19 НА АЕРОДРОМОТ СВ. АПОСТОЛ ПАВЛЕ ОХРИД

Со почетокот на летниот ред на летање на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид и поради барањата на многу земји за задолжителен негативен КОВИД -19 тест, како предуслов за патување по водушен пат, ТАВ Македонија, како аеродромски оператор за кого клиентите се од врвен приоритет, сега овозможува КОВИД-19 тестови за патување, односно брзи антигенски тестови кои се прават на охридскиот аеродром непосредно пред заминувањето на патникот.

Во непосредна близина на терминалната зграда на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, се наоѓаат пунктови за тестирање на овластени лаборатории, каде патниците можат да ги извршат бараните брзи КОВИД-19 тестови и да добијат резултати за 20 – 30 минути од земањето примерок.

За детални информации поврзани со тестови кои се прифаќаат во земјите од ЕУ/ Шенген зоната, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која патувате и амбасадата на земјата во која патувате.

Доколку одлучите да правите брз антигенски тест на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, апелираме да пристигнете на аеродромот најмалку 4 часа пред времето на полетување.

Со оглед на тоа што земјите од ЕУ/Шенген зоната постојано ги менуваат условите за патување поврзани со КОВИД – 19 и секоја земја самостојно прави промени во рестрикциите за граѓаните на Република Северна Македонија, апелираме до патниците пред да тргнат на нивното патување, задолжително да ги проверат последните барања со авиокомпанијата со која патуваат и со aмбасадата на земјата во која патуваат.