Паркинг

Паркинг

Паркинг-услуги на Аеродром Св. Апостол Павле Охрид
Без разлика дали патувате вие, или превезувате некој од вашите блиски до аеродромот, или пак ги пречекувате од аеродром по нивното патување, Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид нуди можност престој на вашето возило на паркинг простор со 250 обележани места за паркирање автомобили и 6 обележани места за автобуси.
Плаќањето за паркинг-услугите може да се изврши во канцеларија за наплата (кен) која се наоѓа пред терминална зграда. 
За да ги користите паркинг-услугите, претходна резервација не е потребна. 
Паркинг
Паркингот за возила се наоѓа на самиот влез во кругот на аеродромот. Тука можете да го паркирате вашето возило за пократок период, 1 час, 2 часа или повеќе во текот на еден ден, но исто така, зависно од вашите потреби, можете да го паркирате возилото и на подолг период. Надоместот за наплата, односно цената за паркинг услугите за паркингот е дадена подолу во табелата.

ПАРКИНГ

До 1 час

1 – 2

часа

2 – 3

часа

3 – 4

часа

4 – 8

часа

8 – 12

часа

12 – 24

часа

3 – 7

дена 

8 – 14 дена

15 – 30 дена

Автомобил

90

120

150

180

230

270

600

1.500

2.100

2.500

Минибус  

170

250

350

400

500

650

1.100

2.700

3.200

3.700

Автобус  

250

400

500

600

800

1.000

1.600

4.000

4.500

5.000

Паркинг места за инвалидни лица 
Има вкупно 4 означени паркинг места за инвалидни лица, за кои користењето на паркингот е бесплатно во рок од 24 часа. За одобрување на бесплатно паркирање потребно е патникот да се упати во канцеларијата за паркинг и да приложи сообраќајна дозвола од возилото и инвалидска легитимација (да се идентификува како лице со инвалидитет). Ова важи само доколку лицето со инвалидитет е сопственик на возилото и истото управува со истото.
  
Принципи на примена:

1.    Сите цени се во МКД, со вклучен ДДВ
2.    Цените важат од 6.9.2023
 
*Изгубен билет – 2000 денари.
*ТАВ Македонија не сноси одговорност во случај на било каква загуба, уништување, оштетување или кражба на возилото или предметите од возилото.

Често поставувани прашања

 
 

Не постои редовна автобуска линија за патници до Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид, туку само организиран автобуски превоз во рамки на организираните тури/сезонски летови од локалните туристички агенции.

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид работи согласно распоредот на летање.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 120 минути (2 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 40 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на аеродромот, во делот за Пристигнувања и Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонските броеви:
++ 389 46 252 820
++ 389 46 252 821
++ 389 46 262 503

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следнава е-пошта: customer.mk@tav.aero

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage.ohrid@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage.ohrid@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на dutyohd@tav.aero   
Сите детали на: http://ohd.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/airport-facilities-services-mk/page/lost-luggage-mk 

Нема потреба за претходна резервација на паркинг-место.

Ценовник за паркинг на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид:

ПАРКИНГ

До 1 час

1 – 2 часа

2 – 3 часа

3 – 4 часа

4 – 8 
часа

8 – 12 
часа

12 – 24 часа

3 – 7 дена  

Автомобил

90

120

150

180

230

270

600

1.500

Автобус  

250

400

500

600

800

1.000

1.600

4.000

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате. Одредени авиокомпании не дозволуваат домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

Во моментов – не. На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид е дозволено да се пуши само во отворената тераса на барот сместен пред терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на: customer.mk@tav.aero. Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, кој во најкус можен рок ќе Ви одговори на Вашите прашања.