Патници со попреченост
ТАВ Македонија како аеродромски оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, и како компанија којашто се грижи да обезбеди квалитетно патувачко искуство за своите клиенти постојано е посветена на задоволување на потребите на лицата со попреченост и на лицата со попреченост.
Пристапноста се смета за важен сегмент од нашето секојдневно работење со цел да обезбедиме еднакви можности за сите клиенти.
Затоа, зоните за патници во рамки на аеродромската инфраструктура, капацитетите и услугите се изградени и модифицирани со цел да може да ги користи секој.
Согласно РЕГУЛАТИВАТА (ЕС) 1107/2006 НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И НА СОВЕТОТ од 5 јули 2006г. во однос на правата на лицата со попреченост при патување со воздухоплов аеродромот е должен и одговорен да обезбеди помош на лицата со попреченост.
Лицата со попреченост се сметаат оние лица кои имаат долгорочни физички, ментални, интелектуални или сетилни оштетувања кои во интеракција со различни бариери може да го попречат нивното целосно и ефективно учество во општеството на еднаква основа со другите.
За да одговори на потребите на патниците со попреченост и да ја обезбеди потребната помош и поддршка, ТАВ Македонија има обучен и квалификуван персонал кој е подготвен да ги пречека и да обезбеди услуги за лицата со попреченост на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.
БАРАЊЕ ПОМОШ
Патниците на кои им е потребна помош треба да ја контактираат и да ја известат авиокомпанијата, туристичкиот агент или туроператорот со детали за нивните барања за помош најмалку 48 часа пред поаѓањето на нивниот лет.
Важно е патниците кои бараат помош за движење да ја контактираат авиокомпанијата, туристичкиот агент или туроператорот директно бидејќи нивното натамошно патување може да биде засегнато од правилата за безбедност што ги применува авиопревозникот за превоз на лица со попреченост.
Покрај ова, лицата со попреченост можат лесно да го најават своето пристигнување на Аеродромот и да побараат помош на која било од трите локации:
- Паркинг (интерфон на рампата за влез на паркингот или лично во киоскот за наплата на паркингот)
- Шалтер за информации
- Шалтерите за регистрација на патници и багаж
Често поставувани прашања
Не постои редовна автобуска линија за патници до Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид, туку само организиран автобуски превоз во рамки на организираните тури/сезонски летови од локалните туристички агенции.
Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид работи согласно распоредот на летање.
Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 120 минути (2 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 40 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на аеродромот, во делот за Пристигнувања и Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.
Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонските броеви:
++ 389 46 252 820
++ 389 46 252 821
++ 389 46 262 503
На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.
Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.
Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следнава е-пошта: customer.mk@tav.aero
Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола.
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage.ohrid@tav.aero
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage.ohrid@tav.aero
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на dutyohd@tav.aero
Сите детали на: http://ohd.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/airport-facilities-services-mk/page/lost-luggage-mk
Нема потреба за претходна резервација на паркинг-место.
Ценовник за паркинг на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид:
ПАРКИНГ |
До 1 час |
1 – 2 часа |
2 – 3 часа |
3 – 4 часа |
4 – 8 |
8 – 12 |
12 – 24 часа |
3 – 7 дена |
Автомобил |
90 |
120 |
150 |
180 |
230 |
270 |
600 |
1.500 |
Автобус |
250 |
400 |
500 |
600 |
800 |
1.000 |
1.600 |
4.000 |
За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате. Одредени авиокомпании не дозволуваат домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.
Во моментов – не. На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид е дозволено да се пуши само во отворената тераса на барот сместен пред терминалната зграда.
Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на: customer.mk@tav.aero. Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, кој во најкус можен рок ќе Ви одговори на Вашите прашања.