Најчесто поставувани прашања - COVID-19
Драги патници,
Се надеваме дека сте во добро здравје и дека наскоро повторно ќе се сретнеме на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид.
И покрај тоа што нашите комерцијални патнички летови се запрени поради прогласувањето вонредна состојба од страна на Владата со цел спречување на ширење на Коронавирусот, во изминатиов период ни пристигнуваат многу прашања поврзани со вашите планирани патувања. Ја разбираме чувствителноста на оваа тема и поради тоа составивме одговори на некои од најчесто поставуваните прашања:
1.Кога повторно ќе биде отворен аеродромот?
Одговор: Отворањето на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле зависи од одлуката на Владата. За повторното отворање на аеродромот, ќе ги информираме сите патници и јавноста, веднаш штом добиеме информација.
2.Имам купено авионска карта, а аеродромот е затворен. Што можам да направам?
Одговор: За било какви прашања поврзани со авионските билети, ве молиме обратете се директно до релевантната авиокомпанија. Контакти од одделите за односи со клиенти на авиокомпаниите можете да најдете на нашата веб-страница, на следниот директен линк:
Патници кои патуваат од/до Меѓународниот Аеродром Скопје
Патници кои патуваат од/до Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид
Авиокомпаниите веднаш и навремено се информирани за затворањето на аеродромите и за времетраењето на истото.
3.Дали ќе бидам ставен/а во карантин веднаш штом пристигнам на Меѓународниот Аеродром Скопје, во Република Северна Македонија?
Одговор: Ве молиме имајте предвид дека ова се прашања за кои одлучува Владата на Република Северна Македонија (https://vlada.mk/) и сите надлежни владини институции, како што е Министерството за здравство (http://zdravstvo.gov.mk/). Оттука за сите вакви прашања, ве молиме обратете се директно до нив.
4. Дали ќе има хуманитарни летови од вашиот аеродром и како да купам авионска карта?
Одговор: За сите прашања поврзани со хуманитарите летови, ве молиме контактирајте го Министерството за надворешни работи https://www.mfa.gov.mk/ и македонската амбасада во земјата каде што престојувате, бидејќи овие летови се организирани од Владата на Република Северна Македонија.
Искрено Ваши,
ТАВ Македонија