Порака од менаџментот

Порака од менаџментот

Во текот на изминативе 25 години, ТАВ стана еден од водечките брендови во аеродромското работење. Денес управуваме со 15 аеродроми во осум земји и заедно со нашите услужни компании, во глобални рамки работиме на 90 аеродроми во 29 земји.

Благодарение на нашиот уникатен бизнис-модел и обемни знаења и вештини, ги нудиме најдобрите решенија за различни аеродромски проекти ширум светот.

Нашиот успех во услови на многубројни кризи низ годините е резултат на напорите на нашите 33 илјади вработени, кои се обединија за една единствена цел, под водството на нашиот основач-партнер, Сани Шенер.

Како нов раководен тим, со истиот ентузијазам, ќе продолжиме да се заложуваме за напредокот и прогресот на ТАВ.

Успеавме да излеземе посилни од пандемијата што ја предизвика најголемата криза во историјата на воздухопловството. Двата клучни успеха и големи постигнувања за нашиот долгорочен раст во овој период се додавањето на аеродромот во Алмати во нашето портфолио, како и продолжувањето на нашата концесија заедно со нашиот партнер Фрапорт, за аеродромот во Анталија, до 2052 година. 

Со доброто темпо на закрепнување на авиосообраќајот на глобално ниво и со приближувањето до нивоата од пред пандемијата во 2022 година, ТАВ и натаму се издвојува од другите благодарение на балансираното портфолио.

Внимателно ги следиме новите можности во нашите целни региони на Блискиот Исток, во Африка, на Балканот и земјите од Заедницата на независни држави (The Commonwealth of Independent States – CIS). Како компанија ориентирана кон раст, ќе продолжиме да го збогатуваме нашето портфолио со додавање нови аеродроми.

Како дел од Групацијата АДП, најголемата платформа за управување со аеродроми на глобално ниво, имаме присуство на 125 аеродроми во 50 земји. Во иднина, нашата цел е да ја зајакнеме културата на соработка и иновации во рамки на Групацијата. Ќе создадеме зголемена синергија во области во однос на задоволство, односно искуство на патниците, дигитализација, оперативна ефикасност и корпоративна општествена одговорност.

Воздухопловството бележи импресивен раст од втората половина на 20-от век, како еден од водечките сектори на глобализацијата. Глобалниот патнички сообраќај бележеше 100 милиони патници во 1960 година, а достигна 4,5 милијарди во 2019 година.        

И покрај периодите на стагнација, глобализацијата ќе продолжи како тренд и ние сме уверени дека и растот исто така ќе продолжи, особено на нашите целни пазари.

И покрај тоа, соочени сме со огромниот предизвик со климатските промени и декарбонизацијата на глобалната економија. При придвижувањето на нашите аеродроми кон целта за „нулта нето емисија“, ќе соработуваме со партнерите од нашата индустрија за да го надминеме овој предизвик.

Задоволството на патниците останува во суштината на нашите активности додека чекориме напред за да ги оствариме нашите цели.

Ќе работиме на создавање на највисока можна вредност за нашите чинители, како и на постигнување одговорен и одржлив раст и за заштита на животната средина.

Нашиот главен приоритет и натаму ќе биде да обезбедиме задоволство на нашите вработени, за да ги реализираме овие цели. Патот до нашите цели ќе продолжи да биде создавање нови можности за личен и професионален развој на нашите вработени.

ТАВ го редефинираше бизнисот со аеродромски операции и управување и стана пионер во создавањето нова индустрија уште во 1997 година кога беше и основана.

Иако денес живееме во многу поразличен свет, нашиот главен пристап остана непроменет. Еден аеродром може да се замисли само со гледање во иднината. Ние секогаш гледаме напред и ја обликуваме иднината на аеродромите.

 

 

Серкан Каптан

Главен извршен директор

Франк Мерејде

Член на Извршен одбор и Претседател на Извршен комитет

Корисни информации

Летови
Летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид во реално време

Купување и јадење
Купување и јадење

Погледнете го целиот асортиман на продавници во нашиот трговски универзум. На аеродромот ќе најдете голем избор на продавници за мода, електроника, дизајн и сувенири

Паркинг
Паркинг

Вашиот пат до обезбеден паркинг простор! Искористете ги придобивките од атрактивните онлајн-понуди за паркинг услуги на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид

Често поставувани прашања

 
 

Не постои редовна автобуска линија за патници до Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид, туку само организиран автобуски превоз во рамки на организираните тури/сезонски летови од локалните туристички агенции.

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид работи согласно распоредот на летање.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 120 минути (2 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 40 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на аеродромот, во делот за Пристигнувања и Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонските броеви:
++ 389 46 252 820
++ 389 46 252 821
++ 389 46 262 503

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следнава е-пошта: customer.mk@tav.aero

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage.ohrid@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage.ohrid@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на dutyohd@tav.aero   
Сите детали на: http://ohd.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/airport-facilities-services-mk/page/lost-luggage-mk 

Нема потреба за претходна резервација на паркинг-место.

Ценовник за паркинг на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид:

ПАРКИНГ

До 1 час

1 – 2 часа

2 – 3 часа

3 – 4 часа

4 – 8 
часа

8 – 12 
часа

12 – 24 часа

3 – 7 дена  

Автомобил

90

120

150

180

230

270

600

1.500

Автобус  

250

400

500

600

800

1.000

1.600

4.000

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате. Одредени авиокомпании не дозволуваат домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

Во моментов – не. На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид е дозволено да се пуши само во отворената тераса на барот сместен пред терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на: customer.mk@tav.aero. Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, кој во најкус можен рок ќе Ви одговори на Вашите прашања.