Багаж
Основни правила
Патникот го предава својот багаж на шалтерот за чекирање. По завршувањето на процедурите за чекирање, патникот добива белешка за чекиран багаж (стикер).
Дозволената тежина на багажот варира во зависност од превозникот и патничката класа.
Просечно дозволената тежина на багажот е:
- 30 кг за бизнис класа
- 20 кг за економска класа
- 10 кг за деца до 2 годишна возраст
Вишокот на багаж се наплаќа, висината на надоместокот ја пропишува авиопревозникот.
Во чекираниот багаж не е дозволено носење на опасни материи.
Додека сте на аеродромот треба да обратете внимание на следното:
Процедури за предавање на багажот:
- Не оставајте го вашиот багаж без придружба, заклучен, обележан со име, презиме и адреса, се додека не го предадете на шалтерот за чекирање,
- Ви препорачуваме секогаш да водите сметка за рачниот багаж
- Не пријавувајте туѓ багаж на шалтерот за чекирање како ваш, бидејќи туѓиот бага може да содржи предмети кои можат да ве доведат во ситуација на опасност или одговорност пред соодветните безбедносни служби;
Рачен багаж
Авиопревозниците индивидуално ги пропишуваат димензиите и тежините на багажот кој може да се понесе во патничката кабина како рачен багаж;
Кога го букирате вашиот лет информирајте се за дозволената тежина и димензии на рачниот багаж.
Тежината и димензиите на рачниот багаж се лимитирани. Во праксата, најчесто дозволена тежина на рачниот багаж е од 5 до 10кг. а вкупниот збир од должина, висина и широчина да не е повеќе од 115цм.
Информациите во врска со предметите кои не е дозволено да се внесат во патничката кабина можете да најдете на кориците од авионската карта, како и на постерите во зоната за чекирање на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид.
Опасни материи
Информации во врска со предметите кои не се дозволени да се носат во патничкиот багаж можете да најдете на кориците од авионската карта, како и на постерите во зоната за чекирање на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид.
Основни групи на опасни материи во патничкиот багаж и багажот на екипажот се:
- Предмети кои не се прифатливи во воздушниот превоз;
- Предмети кои се прифатливи во воздушниот превоз но под одредени услови, во зависност од видот дефиниран со прописите за превоз на опасни материи.
Забранети материи
Следните предмети се забранети за превоз во рачниот или чекираниот багаж:
- Солзавец и други иритирачки или необични спрејови;
- Литиумски батерии и пиротехнички материјали;
- Сигнални ракети, ракети за огномет;
- Плин, керозин, гориво, боци со плин или гориво за полнење на запалки;
- Цилиндри со кислород, кибрити;
- Боци со сода, уреди за подводно заварување;
- Автомобилски акумулатори;
- Агенси кои се користат во домаќинството;
- Отрови, бои и лакови;
Материи кои се дозволени за превоз
Постојат опасни материи кои се прифатливи во воздушниот превоз под одредени услови. Тоа се следните материи:
- Жестоки пијалоци носени од патниците или екипажот како чекиран багаж. Дозволена количина е до 5 литри по патник со процент на алкохол од 24 до 70%
- Сув мраз – како средство за одржување на храна или пијалоци, со дозвола од превозникот може да биде прифатен како чекиран багаж. Дозволена количина е до 2 кг по патник.
- Запалка – Дозволено е една запалка или кибрит со себе
- Замрзнат течен азот
- Спрејови за коса, дезодоранси, парфеми, колонски води и други спрејови. Дозволени се за превоз во количина од 2 литри, т.е. 2 кг по патник. Секоја индивидуална единица со предмети за лична хигиена не треба да биде повеќе од 0,5 литри тоест 0,5 кг.
- Опрема за гнурење - боцата со кислород и подводната лампа се дозволени за превоз само во рачниот багаж, под услов да бидат отстранети сите термални и енергетски елементи.
- Инвалидски колички со батерии, можат да се превезуваат со дозвола од превозникот.
Корисни информации
Летови
Информации за пристигнување и заминување на летови на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид во реално време
Купување и јадење
Погледнете го целиот асортиман на продавници во нашиот трговски универзум. На аеродромот ќе најдете голем избор на продавници за мода, електроника, дизајн и сувенири
Паркинг
Вашиот пат до обезбеден паркинг простор! Искористете ги придобивките од атрактивните онлајн-понуди за паркинг услуги на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид
Често поставувани прашања
Не постои редовна автобуска линија за патници до Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид, туку само организиран автобуски превоз во рамки на организираните тури/сезонски летови од локалните туристички агенции.
Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид работи согласно распоредот на летање.
Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 120 минути (2 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 40 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на аеродромот, во делот за Пристигнувања и Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.
Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонските броеви:
++ 389 46 252 820
++ 389 46 252 821
++ 389 46 262 503
На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.
Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.
Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следнава е-пошта: customer.mk@tav.aero
Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола.
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage.ohrid@tav.aero
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage.ohrid@tav.aero
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на dutyohd@tav.aero
Сите детали на: http://ohd.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/airport-facilities-services-mk/page/lost-luggage-mk
Нема потреба за претходна резервација на паркинг-место.
Ценовник за паркинг на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид:
ПАРКИНГ |
До 1 час |
1 – 2 часа |
2 – 3 часа |
3 – 4 часа |
4 – 8 |
8 – 12 |
12 – 24 часа |
3 – 7 дена |
Автомобил |
90 |
120 |
150 |
180 |
230 |
270 |
600 |
1.500 |
Автобус |
250 |
400 |
500 |
600 |
800 |
1.000 |
1.600 |
4.000 |
За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате. Одредени авиокомпании не дозволуваат домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.
Во моментов – не. На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид е дозволено да се пуши само во отворената тераса на барот сместен пред терминалната зграда.
Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на: customer.mk@tav.aero. Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, кој во најкус можен рок ќе Ви одговори на Вашите прашања.