ATU Duty Free
ATU е основана во 2000 година како заедничко вложување меѓу акционерите на холдингот TAV Airports, Unifree и Gebr. Heinemann. ATU не е само водечки оператор за работа со бесцарински продавници во Турција, туку е и една од најдобрите светски компании за малопродажба, која работи на над 25.000 m2 површина на 21 аеродром, 1 пристаниште во 7 различни земји на 3 континенти.
ATU работи со продавници со концепт на „Стара чаршија“ и повеќе од 20 луксузни продавници на аеродромот во Истанбул, како и бесцаринска продавница на пристаништето Галатапорт во Истанбул. Исто така, ATU обезбедува бесцарински услуги на аеродромите Анкара Есенбога, Аднан Мендерес во Измир, Газипаша во Аланија и Милас-Бодрум во Турција; аеродромите во Тбилиси, Батуми и Кутаиси во Грузија; скопскиот и охридскиот аеродром во Северна Македонија; аеродромите Енфида-Хамамет, Монастир, Тунис-Картагина, Џерба, Сфакс, Тозеур и Табарка во Тунис; Аеродромот Рига во Латвија, аеродромот Салалах во Оман и аеродромот Медина во Саудиска Арабија.
ATU Duty Free работи со комерцијалните области во Северна Македонија од март 2010 година на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, односно работи со бесцарински услуги во 3 продавници со вкупна продажна површина од 408m2 (статусот на ATU и времетраењето на договорот, продолжува до крајот на февруари 2032 година).
Трите наши продавници се на првиот кат, на заминување, по пасошка контрола на меѓународниот терминал. (Нашата главна продавница во Скопје е со површина од 326m2, продавницата за вино на скопскиот аеродром, каде што се продаваат локални производи, е 32m2, додека главната продавница во Охрид е 50 m2.)
Работното време на бесцаринските продавници е 24/7, 365 дена.