ТАВ Македонија и МВР покажаa взаемна подготвеност на денешната симулациска вежба на охридскиот аеродром за справување со сложени безбедносни закани

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Групацијата и Министреството за внатрешни работи, успешно реализираа симулациска вежба за справување со сложени безбедносни закани, овој пат на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.
Целта на вежбата „Сигурен хоризонт 2026 - двојна закана“ е да се претстават капацитетите, можностите и подготвеноста на припадниците на МВР, ТАВ Македонија, Противпожарната служба и службата за итна медицинска помош при ТАВ Македонија и нивната способност за брза и ефикасна реакција, нивото на координација и комуникација помеѓу сите инволвирани субјекти.
Активноста се реализираше преку 11 фази, на неколку локации на охридскиот аеродром а симулираше упад, спасување на заложници, неутрализирање на терористи и извлекување на ВИП личности.

Им честитам на сите учесници за успешно спроведената вежба и се заблагодарувам на сите институции за покажаната професионалност и соработка.
ТАВ Македонија останува посветена на највисоки безбедносни стандарди и силна институционална соработка – во интерес на сигурноста и довербата на сите патниц“, изјави Перо Лупевски, заменик генерален директор за операции на ТАВ Македонија.

Преку континуирана соработка и размена на искуства, ТАВ Македонија и надлежните институции ќе продолжат да градат сигурен и отпорен систем, насочен кон заштита на патниците, вработените и непречено функционирање на аеродромските операции
