НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ: ТАВ ГО ПРЕЧЕКА ПРВИОТ ЛЕТ НА НОРДИКА ОД ТАЛИН

НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ: ТАВ ГО ПРЕЧЕКА ПРВИОТ ЛЕТ НА НОРДИКА ОД ТАЛИН

Четириесет и пет минути по полноќ, на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, воден мост го поздрави првиот лет од Талин. По успешните преговори меѓу ТАВ Аеродроми и Нордика, естонскиот национален авиопревозник денес го отвори првиот сезонски лет на релација Талин – Охрид – Талин.

Патниците од воздухопловот со 90 седишта, Bombardier CRJ900, беа топло пречекани со разнобојни колачиња додека се симнуваа од воздухопловот за нивното ново патничко искуство во Охрид.

Од денес, 2 јуни, па се до 15 септември, новата сезонска линија Талин – Охрид – Талин ќе сообраќа секоја сабота. Времето на пристигнување на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид од Талин е 00:45 часот, а полетувањето назад кон Талин во 01:20 часот.

-Среќни сме и со задоволство ја пречекуваме најавената нова линија на естонската Нордика на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. Талин, петтата нова дестинација воведена на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид во последната година, како нов пазар за патници во доаѓање, ќе донесе многу бенефиции не само за аеродромот, туку и за целиот туристички сектор во Охрид и воопшто во нашата држава. Благодарение на Маркетинг-одделот на ТАВ Аеродроми, очекуваме повеќе од 2.500 патници од главниот град на Естонија да го посетат бисерот на Македонија, Охрид и Охридското Езеро, да го збогатат нивното патувачко искуство и да раскажуваат за природните убавини и за гостопримството на Македонија и на Македонците, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Билетите за 3-часовниот лет на релација Талин – Охрид – Талин се веќе во продажба од 26 септември 2017г., на интернет страницата на Нордика https://www.nordica.ee/ со цени од 99.90 евра.

Нордика го промовира Охрид меѓу Естонците како најпопуларна дестинација за одмор во Македонија, како убав и романтичен град, со богата архитектура, со прекрасни пејзажи, притоа потсетувајќи ги нивните патници дека Охрид е еден од најстарите градови во Европа, и е на Листата на светско наследство на

-Ова е голем ден за Нордика, бидејќи го отвори првиот директен лет меѓу Естонија и Македонија! Охрид е многу значаен за нас, од повеќе причини: Охрид е нашата најјужна дестинација, првата летна сезонска авио-линија која не е блиску до море и воопшто првата рута во Македонија. Имаме големи надежи за оваа линија и се надеваме дека ќе донесеме многу Естонци во Македонија, а во исто време би сакал да ги поканам и сите Македонци да уживаат во естонското гостопримство, изјави Свен Кукемелк, Извршен директор за бизнис-развој на Нордика.

Според претставниците на Нордика, линиите за летната сезона на авиокомпанијата се многу популарни и за време на минатата летна сезона авиокомпанијата опслужила преку 20.000 патници на сезонските летови до Сплит, Ријека и Одеса.

Естонскиот национален авиопревозник Нордика нуди голем број директни летови од Талин до различни европски дестинации, а во соработка со партнерски авиокомпании нуди летови за конекции до преку 140 дестинации во светот.

Со воведувањето на новиот чартер лет на 15 април, Истанбул–Охрид–Истанбул, летната сезона за 2018 г. на охридскиот аеродром беше официјално отворена. Линијата Ајндховен–Охрид–Ајндховен, отворена во мај оваа година, како и чартер летовите што веќе сообраќаат од/до Амстердам, Брисел, Тел Авив и Катовице, како и трите редовни летови до Базел, Цирих и Лондон, го прават Охрид сè поатрактивна дестинација за туристите.

Затоа, ТАВ Македонија очекува фрекфентна летна сезона бидејќи Талин е 8-та дестинација додадена на мрежата на авиолинии на аеродромот во Охрид. Нордика сега го поврзува македонското одморалиште со Естонија и претставува уште еден нов пазар за патници во доаѓање на охридскиот аеродром и за туристи на Охридското Езеро.

Во првите пет месеци од 2018 година (јануари – мај), вкупно 823.801 патници патувале преку двата македонски аеродрома, Меѓународен

Аеродром Скопје и охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, со пораст од 19% на годишно ниво.

<Во исто време вкупниот број на летови е 7.196, со 16% пораст на годишно ниво./p>

Корисни информации

Летови
Летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид во реално време

Купување и јадење
Купување и јадење

Погледнете го целиот асортиман на продавници во нашиот трговски универзум. На аеродромот ќе најдете голем избор на продавници за мода, електроника, дизајн и сувенири

Паркинг
Паркинг

Вашиот пат до обезбеден паркинг простор! Искористете ги придобивките од атрактивните онлајн-понуди за паркинг услуги на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид

Често поставувани прашања

 
 

Не постои редовна автобуска линија за патници до Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид, туку само организиран автобуски превоз во рамки на организираните тури/сезонски летови од локалните туристички агенции.

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид работи согласно распоредот на летање.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 120 минути (2 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 40 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на аеродромот, во делот за Пристигнувања и Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонските броеви:
++ 389 46 252 820
++ 389 46 252 821
++ 389 46 262 503

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следнава е-пошта: customer.mk@tav.aero

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage.ohrid@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage.ohrid@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на dutyohd@tav.aero   
Сите детали на: http://ohd.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/airport-facilities-services-mk/page/lost-luggage-mk 

Нема потреба за претходна резервација на паркинг-место.

Ценовник за паркинг на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид:

ПАРКИНГ

До 1 час

1 – 2 часа

2 – 3 часа

3 – 4 часа

4 – 8 
часа

8 – 12 
часа

12 – 24 часа

3 – 7 дена  

Автомобил

90

120

150

180

230

270

600

1.500

Автобус  

250

400

500

600

800

1.000

1.600

4.000

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате. Одредени авиокомпании не дозволуваат домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

Во моментов – не. На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид е дозволено да се пуши само во отворената тераса на барот сместен пред терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на: customer.mk@tav.aero. Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, кој во најкус можен рок ќе Ви одговори на Вашите прашања.