КОВИД-19 ПОТСЕТНИК ЗА ПАТНИЦИ

КОВИД-19 ПОТСЕТНИК ЗА ПАТНИЦИ

Драги патници,

Дали знаете што треба да направите пред да пристигнете на Аеродром, во услови на пандемија со КОВИД-19, покрај вообичаените подготовки за патување со авион?

  • Проверете ги рестрикциите за патување на земјата која е ваша крајна дестинација. Доколку покрај пасош, ви се потребни и дополнителни документи, како што се: виза, дозвола за престој и слично, во консултација со Амбасадата на земјата на вашето пристигнување, обезбедете ги бараните документи навреме, пред да тргнете на пат.
  • Потребниот Образец за лоцирање патници (Passenger Locator Form) за определени дестинаци кој е издаден од земјата во која патувате пополнете го навреме, со цел да бидете спремни кога ќе пристигнете на нашите шалтери за пријавување патници и багаж. Овие обрасци се достапни онлајн, на веб-страниците на надлежните државни институции на странската земја во која патувате.
  • Проверете каков вид на КОВИД-19 негативен тест и направен пред колку време, бара државата во која патувате и истиот обезбедете го навреме, пред да пристигнете на нашите шалтери за пријавување патници и багаж.
  • Доколку одлучите да правите брз антигенски тест на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, во пунктот на Лабораторијата на Клиниката Жан Митрев”, којшто се наоѓа пред терминалната зграда, ве молиме пристигнете на Аеродром 4 часа пред времето на полетување! Оваа препорака е со цел да избегнете долго чекање ред за тестирање и да успеете да ги завршите сите аеродромски процедури навреме пред да се качите на вашиот лет.

 

Напомени:

  • Шалтерите за пријавување патници и багаж се отвораат најрано 3 часа пред времето на полетување, а се затвораат 60 минути пред времето на полетување.
  • Рестрикциите за патување од странски земји во услови на пандемија со КОВИД-19 проверете ги со вашата авиокомпанија и Амбасадата на земјата во која патувате.

 

Со почит,

ТАВ Македонија