Политика за безбедност и здравје при работа

Политика за безбедност и здравје при работа

Нашата заложба

ТАВ Македонија ДООЕЛ е компанија посветена на обезбедување безбедност и здравје при работа како за сите свои вработени, така и за своите клиенти и деловни партнери.

Нашиот план

За да ги исполниме нашите заложби, ТАВ Македонија ДООЕЛ работи на следново:

  • Континуирано и постојано подобрување на безбедноста и здравјето при работа со поставување транспарентни, значајни и мерливи цели за исполнување на нашата визија да го елиминираме секој можен инцидент.
  • Имплементација и одржување на системи за управување со безбедност и здравје при работа.
  • Управување со ризици во полето на безбедност и здравје при работа во процесот за носење одлуки.
  • Обезбедување безбедна и здрава средина преку имплементација на системи за безбедна работа, опрема, алати, инсталации, постројки, елиминирајќи ги небезбедните работни услови и опрема.
  • Спроведување на проценка на ризик на сите работни активности и воспоставување на соодветни мерки за контрола со цел ризикот да биде сведен на минимум или елиминиран.
  • Намалување ризик од професионални заболувања и повреди при работа преку програми за управување со безбедност и здравје при работа и преку интегрирани мерки во редовните процесни активности.
  • Усогласување на работењето со сите законски и подзаконски акти кои се однесуваат на безбедност и здравје при работа, како и меѓународните стандарди и препораки.
  • Вработените да ги добијат сите потребни информации, инструкции, обука, надзор и средства да одговорат на барањата од областа на безбедност и здравје при работа.
  • Развивање на компетентноста на вработените во однос на безбедност и здравје при работа преку ефективни обуки и лидерство на сите нивоа во компанијата.
  • Одржување ефикасна комуникација со сите вработени, клиенти, деловни партнери и добавувачи за да ги разберат нивните одговорности во однос на безбедност и здравје при работа.
  • Обезбедување ефикасност при пријавување и известување за инциденти, соодветен мониторинг и мерење на ефикасноста на функцијата за безбедноста и здравјето при работа.   
  • Подготовка на севкупната  политика за превенција која ќе ја опфаќа технологијата и организацијата на работа, работните услови, социјалните односи, како и влијанието на факторите кои се однесуваат на работното опкружување.
  • Континуирано подобрување на политиката за безбедност и здравје при работа во ТАВ Македонија преку редовни проверки од страна на менаџментот со цел остварување на одржлив развој  и успех  во компанијата.

Нашите очекувања

Преку имплементација на оваа политика, ТАВ Македонија ДООЕЛ очекува да биде препознаена како лидер во областа на безбедност и здравје при работа.

Често поставувани прашања

 
 

Не постои редовна автобуска линија за патници до Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид, туку само организиран автобуски превоз во рамки на организираните тури/сезонски летови од локалните туристички агенции.

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид работи согласно распоредот на летање.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на аеродромот, во делот за Пристигнувања и Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонските броеви:
++ 389 46 252 820
++ 389 46 252 821
++ 389 46 262 503

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следнава е-пошта: customer.mk@tav.aero

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage.ohrid@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage.ohrid@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на dutyohd@tav.aero   
Сите детали на: http://ohd.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/airport-facilities-services-mk/page/lost-luggage-mk 

Нема потреба за претходна резервација на паркинг-место.

Ценовник за паркинг на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид:

ПАРКИНГ

До 1 час

1 – 2 часа

2 – 3 часа

3 – 4 часа

4 – 8 
часа

8 – 12 
часа

12 – 24 часа

3 – 7 дена  

Автомобил

90

120

150

180

230

270

600

1.500

Автобус  

250

400

500

600

800

1.000

1.600

4.000

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате. Одредени авиокомпании не дозволуваат домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

Во моментов – не. На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид е дозволено да се пуши само во отворената тераса на барот сместен пред терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на: customer.mk@tav.aero. Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, кој во најкус можен рок ќе Ви одговори на Вашите прашања.