- 02.07.2021, ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИ: ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОВИД-19 ВО НИКОБ ЛАБ СЕГА ДОСТАПНО И НА ДВАТА АЕРОДРОМА, ВО СКОПЈЕ И ВО ОХРИД Повеќе
- 20.05.2021, КОВИД-19 ПОТСЕТНИК ЗА ПАТНИЦИ Повеќе
- 24.03.2021, Известување за патници за забрана за движење 23.3. – 6.4.2021 Повеќе
- 12.03.2021, Известување за патници за забрана за движење 10-22.3.2021 Повеќе
- 22.01.2021, КОВИД-19 – ИЗВЕСТУВАЊЕ: НОВИ РЕСТРИКЦИИ ЗА ПАТНИЦИTE КОИ ПАТУВААТ ВО ХОЛАНДИЈА, ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА ИЗВЕСТУВАЊЕ: НОВИ РЕСТРИКЦИИ ЗА ПАТНИЦИTE КОИ ПАТУВААТ ВО ХОЛАНДИЈА, ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА Повеќе
- 16.04.2020, Најчесто поставувани прашања - COVID-19 И покрај тоа што нашите комерцијални патнички летови се запрени поради прогласувањето вонредна состојба од страна на Владата со цел спречување на ширење на Коронавирусот, во изминатиов период ни пристигнуваат многу прашања... Повеќе
- 14.03.2020, COVID-19 – Важна информација за патниците на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија донесена вечерва на 14.3.2020, за затворање на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, сакаме да Ве информираме дека... Повеќе
- 13.03.2020, COVID-19 – Информација за патниците кои патуваат од/до Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид ТАВ Македонија постапува по мерките на Владата на Република Северна Македонија, за спречување на.... Повеќе
- 20.05.2019, ТАВ ГО ПРЕЧЕКА ПРВИОТ ЛЕТ ОД ВАРШАВА НА АЕРОДРOМОТ ВО ОХРИД Со традиционална церемонија на поздравување вклучувајќи го и поздравувањето со воден мост и шарени колачиња за патниците Повеќе
- 20.05.2019, НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ: ТАВ ГО ПРЕЧЕКА ПРВИОТ ЛЕТ НА НОРДИКА ОД ТАЛИН Четириесет и пет минути по полноќ, на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, воден мост го поздрави првиот лет од Талин. По успешните преговори меѓу ТАВ Аеродроми и Нордика, естонскиот национален авиопревозник денес го отвори првиот сезонски лет на релација Талин – Охрид – Талин. Повеќе
Covid19: Патувајте безбедно – ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
За информации во врска со барањата за патни документи и/или ковид-тестови од страна на земјата во која сакате да пристигнете, Ве молиме да се обратите до Aмбасадата на таа земја, како и до авиокомпанијата со која ќе патувате.
Лабораториите на клиниката Жан Митрев и Никоб Лаб вршат тестирање на патници на аеродромите. Повеќе информации можете да најдете на линковите подолу.
Меѓународен Аеродром Скопје
https://zmc.mk/en/covid19/skopje-ohrid-airport-covid-19-testing-point/
https://nikoblab.mk/
Аеродром Св. Апостол Павле Охрид:
https://zmc.mk/en/covid19/skopje-ohrid-airport-covid-19-testing-point/
http://ohd.airports.com.mk/mk-MK/media-centre-mk/announcements-mk/page/announcement-covid-testing-airport-ohrid-mk
- Редовно и навремено ги применуваме сите мерки на Владата и на Министерството за здравство, како надлежни државни институции. Секако, ги следиме и искуствата на другите аеродроми ширум светот и препораките на Светската здравствена организација (WHO), Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската Унија (EASA), Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) и Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (IATA), сè со цел да преземаме соодветни мерки навреме, како што се менуваат условите во оваа глобална пандемија.
- Носењето заштитна маска за лице за патниците во терминалната зграда на аеродромот, не е задолжително, согласно измените и дополнувањата на мерките за Ковид-19 донесени од Владата на Северна Македонија од 3.5.2022 година https://vlada.mk/node/28642. Согласно овие измени, граѓаните немаат обврска да носат заштитна маска за лице во сите затворени места, освен во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз (автобус, железница, авион и такси) и во установите за згрижување стари лица и лица со попреченост. Во однос на носење маска за време на лет, патниците треба да ги следат правилата и барањата на авиокомпанијата со која патуваат.
- И покрај постоењето на опцијата за онлајн пријавување, поради новонастанатите Ковид-19 рестрикции, патниците се должни, при нивното пристигнување на аеродромот, да се пријават на шалтерите за пријавување, за проверка и верификација на документите потребни за влез во државата во која патуваат, како и пријавување на нивниот багаж.
- Патниците ќе треба дисциплинирано да ги следат упатствата на агентите за обезбедување, и таму, како и при сите процедури каде што се создаваат редици, потребно ќе биде да се држи физичко растојание од најмалку 1,5 метар.
Влезот во терминалната зграда на охридскиот аеродром, почнувајќи од 3-ти мај 2022 година, кога Владата на РСМ ги укина сите заштитни мерки поврзани со ковид-19 https://vlada.mk/node/28642 освен носењето заштитни маски во одредени установи, е дозволен без ограничувања/барања поврзани со ковид-19.
Согласно сé уште актуелните барања за разни документи за патување поврзани со ковид-19 од страна на странските држави, кои нашите вработени задолжително ги проверуваат на на шалтерите за регистрација на патници и багаж, апелираме до сите патници да пристигнат на аеродромот 3 часа пред закажаниот лет.
Ако евентуално одлучите да правите ковид-19 тест во еден од објектите на двете лаборатории на аеродромот, Ве молиме пристигнете на аеродром и порано од 3 часа, а согласно потребното време за изготвување на тестот, кое пак треба да го проверите со соодветната лабораторија.
- Бизнис и ВИП Салонот се чистат и дезинфицираат според пропишаното од страна на јавните здравствени власти, со зголемена фреквенција врз основа на авиосообраќајот.
- Поставени се повеќе диспанзери со средство за дезинфекција, врз база на алкохол, со соодветна ознака за патниците.
- Има опција за самопослужување со цел патниците да имаат ограничен контакт со персоналот.
- Ќе се врши честа дезинфекција на површините кои се често се во допир со персоналот и патниците,
- Масите и столчињата ќе бидат дезинфицирани по нивно користење од страна на сите гостите.
- Послужавниците и чиниите ќе бидат отстранети од вообичаените области. Тие ќе им бидат давани на гостите од страна на службениот персонал
- Опремата која се користи редовно се дезинфицира.
- Физичкото растојание од 1,5метар е минимално во просторот за сите присутни лица и за таа цел околу подот на бесцаринските продавници се поставени водечки знаци.
- Ги советуваме клиентите да користат само безконтактна кредитна или дебитна картичка.
- Влезот е дозволен за сите патници. Поставени се апарати за дезинфекција врз основа на алкохол пред влегување во бесцаринските продавници.
- Патниците треба да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет, затоа што најмалку 1 час пред времето на полетување шалтерите за пријавување се затвораат. Ова значи дека патниците најмалку 1 час пред времето на полетување треба да ја имаат завршено процедурата за пријавување, a потоа и процедурите за Пасошка контрола и безбедносна проверка, со цел навреме да пристигнат во зоната за качување во авион, односно кај Излезите.