Историја

Историја

ТАВ Аеродроми Холдинг е успешна приказна во аеродромските операции-една од најпредизвикувачките индустрии во светот-опишана со изразите know-how, искуство и креативност.

Историјата на ТАВ започнува во 1997 година, со официјален повик за давање понуда за изградба на Итернационална Терминална Зграда на аеродромот во Истамбул,,Ататурк,, ТАВ Аеродрми Холдинг беше основан како заеднички потфат помегу Тепе и Акфен Групацијата, победничкиот понудувач за Договорот. Истамбул Ататурк Аеродром е помегу првите примери на ,,Гради-Управувај-Пренеси,, аеродромски оперативен програм во светот. Овој проект, го одразува современиот имиџ на Турција, кој исто така преставува прв конкретен чекор на успешната приказна за ТАВ.

Постигнувајќи одличен успех во релативно краток временски период, ТАВ се здоби со статус на глобално брендирано име, не само во аеродромски изведувачки проекти, туку и во управување со аеродроми-сосема ново поле, ништо помалку. Ова е направено со големо know-how, високо квалитетни човечки ресурси и соодветна технологија.

Како дел од планираниот процес, ТАВ ги реорганизираше организационите структури во 2006 година, собирајќи ги сите оперативни активности под ТАВ Аеродромски Холдинг(ТАВ Аеродроми), и градежни активности под ТАВ Градежно одделение. Следејќи ја оваа реорганизација, ТАВ Аеродромски Холдинг беше прикажан за иницијален јавен понудувач во Фебруари 2007година.Компанијата продолжува да го гради успехот секоја година и настојува да ја прикаже Турција во најдобар можен начин на мегународната сцена.

ТАВ АЕРОДРОМСКИ ХОЛДИНГ 
Според DHMI (Државена Аеродромска Власт) статистиката на патници за 2009година, ТАВ Аеродроми е водечки аеродромски оператор во Турција со 48 проценти пазарни акции. ТАВ Аеродроми Холдинг моментално оперира на Истамбул Ататурк Аеродром, Анкара Есенбога Интернационален и Домашен Терминали, Измир Аднан Мендерес Аеродром Инернационален Терминал и Анталија Газипаша Аеродром во Турција, Тбилиси и Батуми Интернационален Аеродром во Грузија, како и Хабиб Бургуиба и Енфидха Зине ЕЛ Абидине Бен Али Интернационален Аеродром во Тунис. Дополнително, ТАВ Аеродроми веќе ѓи преземаа оперативно аеродромите во Македонија, Александар Велики во Скопје и Свети Апосол Павле во Охрид, од 01 Март 2010година.

ТАВ Аеродроми исто така активно учествуваат во други области на аеродромското оперирање, како земјени и управувачки услуги, слободни царински малопродажни продавници, услуги за храна и пијалоци и обработување на податоци и безбедност. ТАВ Аеродромски Холдинг обезбедува услуги за приближно 375,000 летови од 300 авиопревозници и просечен број од 42 милиони патници секоја година. 
Мнозинството – 58 проценти- од консолидирани даночни приходи од ТАВ Аеродроми се всушност од односи кои не се поврзани со авијација. Најголемиот учесник во даночниот приход е АТУ, операторот со слободните царински продавници, каде ТАВ Аеродроми поседува 50 проценти од акциите. Согласно со финасиските извештаи подготвени во соработка со ИРФС, ТАВ направил обрт од 609 милиони евра во 2009година. Акциите на Компанијата се котираат на Берзата за акции во Истамбул како,,ТАВХЛ,, од 23 Фебруари , 2007година.

ТАВ АЕРОДРОМИ ХОЛДИНГ КОМПАНИИ 
ТАВ ИСТАМБУЛ 

Истамбул, Турската врата кон светот, градот кој никогаш не спие, е тест во условите на аеродромските операции-со население повеќе од 15 милиони, и милиони гости кои доаѓаат секоја година. Аеродромот Ататурк Интернационален Терминал, кој беше граден согласно со Изградба-Оперирање-Трансфер модел, беше изграден во рекорден временски период од 22месеци. Терминалот, кој беше отворен за услуги во Јануари 2000година, беше зголемен со дополнителни средства во 2004година. ТАВ Аеродроми Холдинг беше награден оператор на Домашниот Терминал во Јули 2005година. Со реновирањата преземени во 2006година, 25години стариот Домашен Терминал беше модернизиран со нови технолошки системи и обновен со процес на покривање на фасадата. Истамбул Ататурк Аеродром не е само најголемиот аеродром во Турција, туку исто така е почитуван и низ Европа, со неговата архитектура, брзината на проток на патници и услуги.Истамбул Ататурк Аеродром услужува од 700 до 750 авиокомпании и приближно 80,000 патници секој ден.

ТАВ ИЗМИР
Измир Аднан Мендерес Интернационален Аеродром е важна врска во избраниот и високо квалитетно конструиран синџир на ТАВ Аеродроми. Низ годините, Измир беше еден од најважните центри на развојот и културата, и Интернационалниот Терминал, кој донесе здив на свеж живот во туризмот во Измир, и исто така се погрижи односите со светот да се подигнат на ново ниво. Аднан Мендерес Аеродром Интернационален Терминал, кој беше завршен 8 месеци пред договорениот рок од страна на ТАВ Аеродроми според моделот Гради-Оперирај-Трансфер, отворен за услуги на 13 Септември, 2006година. Новиот терминал покрива област од 110,000 квадратни метри.

ТАВ ЕСЕНБОГА
Одкако го трансформиравме Ататурк Аеродромот во нешто што може да се опише како типичен пример на успешна приказна, ТАВ Аеродроми Холдинг го однесоа искуството во аеродромското работење дури до Анкара Есенбога Аеродром во 2006година.Со оригинално осмислениот концепт и различната перспектива што им дозволува на патниците лесен пристап, Есенбога беше здив на свеж воздух во сообраќајот до главниот град. Опремен со можностите од уметничка технологија и услуги на секој чекор низ аеродромот—од моментот на влегување на патниците во паркинг-гаражата додека да се сместат во нивните авиони, гостите сретнуваат пријателски персонал спремен да ѓи услужи истите според највисоките стандарди. Непрекинато одржување на услугите овозможува секој лет да е комфорен и интересен, продолжувајќи вртоглавно брзо цел ден, секој ден.

ТАВ ГАЗИПАША
Продолжувајќи да настојува кон целта за константен развој, ТАВ Аеродроми Холдинг ја доби работата за Анталија Газипаша Аеродромот, давајќи понуда во Август 2007 година.Со договорот потпишан на 04 Јануари, 2008 година, беше даден на ТАВ Аеродроми на 25 години. Изградбата на аеродромот беше завршена во 1999година, нудејќи капатицет на патници од 500,000 годишно, покривајќи 2,144 квадратни метри. ТАВ Аеродроми Холдинг има намера во работењето со Анталија Газипаша Аеродром да го искористи искуството и знаењето во аеродромското деловно работење и да создаде и развие аеродроми во Турција и од целниот регион да создаде нова интернационална летачка дестинација. Освен тоа, цел е да се направи аеродромот како интернационален центар кој ќе и служи на Алања и околното подрачје покрај продолжувањето на полетно-слетната патека.

ТАВ ГРУЗИЈА 
Тбилиси Интернационален Аеродром 
ТАВ Аеродроми презема важни чекори во реализирањето на својата визија за постанување на интернационален фактор во аеродромското работење со Тбилиси Интернационален Аеродром. ТАВ Аеродромски Холдинг е овластен да работи со Тбилиси Интернационален Аеродром за 20 години и тоа е прв проект на компанијата во странство. Грузија очекува да постане важен мост помеѓу Европа и Азија во блиска иднина. Тбилиси Интернационален Аеродром, е лоциран во главниот град, и е управуван од ТАВ Урбан Грузија ЛЛЦ од 31 Октомври 2005 година, со 66% од акциите во сопственост на ТАВ Аеродромски Холдинг. Новата терминална зграда исто така е изградена од ТАВ Урбан Грузија ЛЛЦ. Беше отворена за услуги на 7 Фебруари 2007година и помага во исполнувањето на стратегиската важност на аеродромот. ТАВ Аеродроми ги нудат сите терминални и нетерминални работи, замјани управувани услуги, царински и нецарински продавници, услуги на храна и пијалоци, со широк делокруг и стабилен пристап на Тбилиси Интернационален Аеродром.

Батуми Интернационален Аеродром 
ТАВ Аеродроми започнаа со работење на Тбилиси Интернационален Аеродром во 2005година, и инвестициите во регионот продолжуваат, и на 26 Мај, 2007година, компанијата започна да работи на Батуми Интернационален Аеродром, првиот аеродром кој ќе биде заеднички користен помеѓу Турција и Грузија. Оваа соработка игра важна улога за двајцата во развојот на регионот и подобрување на добрите односи помеѓу двете земји. Батуми Интернационален Аеродром нуди услуги со можностите на уметничката технологија и функционалниот дизајн. Аеродромската структура има структура што се шири, чија основа е во порастот на бројот на патници.

ТАВ ТУНИС 
Монастир Хабиб Бургуиба Интернационален Аеродром 

ТАВ Аеродромски Холдинг додаде уште еден интернационален аеродромски проект со Монастир Хабиб Боургуиба Интернационален Аеродром во Тунис, туристички центар во северна Африка, започнувајки со работа на 1 Јануари, 2008година.Монастир Хабиб Бургуиба Аеродром ќе го работиме 40години. Дополнително со работењето и воздушната контрола, се управуваат и сите аеродромски активности. Лоциран во најатрактивната дестинација во Северна Африка- и лесно пристапен само два часа од Европа—аеродромот моментално има капацитет од 3,5 милиони патници годишно. Како и да е, бројот на интернационални патници услужени на аеродромот достигна 3,8 милиони во 2009година. Имаше 30,393 летови од/за Бургуиба во 2009година, со карго капацитет од 900 тони.

Енфидха Зине ЕЛ Абидине Бен Али Интернационален Аеродром 
Енфидха Зине ЕЛ Абидине Бен Али Интернационален Аеродром беше ставен во работење од ТАВ Тунис во Декември, 2009година. ТАВ Аеродромски Холдинг има 67% акции од ТАВ Тунис, кој е овластен да работи со аеродромот до Мај 2047година. Изградбата на аеродромот започна на 24 Јули 2007година и приближно 500 милиони евра беа инвестирани. Капацитетот за патници на Енфидха Аеродромот е околу 7 милиони годишно и ќе биде зголемен постепено до 22 милиони низ дополнителни инвестиции. Тоа ќе биде втора операција на ТАВ Аеродроми во Тунис, што среќно ќе постане најважно средиште во Африка. Блиску пола билион Евра се планирани инвестиции. Ефидха Зине ЕЛ Абидине Бен Али Интернационален Аеродром е покриен со нова терминална зграда со голем надворешен паркинг, пристап кон писта, платформа и такси линии, исто така и развој на нови услуги. ТАВ Аеродроми Холдинг група на компании(АТУ, БТА, ХАВАШ, ТАВ, Оперативни Услуги) се планирани да понудат услуги таму.

ТАВ МАКЕДОНИЈА 
Скопје Александар Велики Интернационален Аеродром 

ТАВ Аеродромски Холдинг, во суштинскиот чекор особено на своето утврдување во Европа, неодамна го презема управувањето на Аеродром,,Александар Велики,, во Скопје, главниот град на Македонија. Управувањето на аеродромот во главниот град во Македонија, што се очекува да и се придружи на Европската Унија во блиска иднина, беше прилично битен чекор. Влезната врата на Македонија, со стратегиска локација и 500 годишна историско минато со Турците, беше поминато благодарение на 657,000 патници во 2008 година. Модернизацијата е планирана на начин да ги покрие техничката инфраструктура на Александар Велики Интернационален Аеродром покрај ТАВ Аеродроми. На овој начин, намерата е да се допринесе во комерцијалните и туристички односи на Македонија, и главниот град Скопје, кој е симбол на етничкиот мозаик, и да се зголеми бројот на патници.

Охрид Свети Апостол Павле Итернационален Аеродром 
Охрид, помеѓу туристичките дестинации во Македонија, ѓи има сите карактеристики на Медитерански град. Градот е познат по историските и природните убавини и по езерото кое му го дало името на градот. ТАВ Аеродроми ќе работат со Свети Апостол Павле Интернационален Аеродром 20 години, а градот е вклучен во листата на УНЕСКО на заштитени градови поради своите непроценливи богаства. ТАВ Аеродроми исто така имаат намера да го зголемат бројот на авиокомпании и патници користејки го Свети Апостол Павле Интернационален Аеродром. Согласно со остварување на планираната студија се планира модернизација на техничката инфраструктура на аеродромот.

ХАВАШ 
ХАВАШ е оформена компанија за земско опслужување во Турција, која работи под ТАВ Аеродроми. Хаваш услугите вклучуваат постапување со патници и багаж, надзор на утовар на превозни средства, чистење на воздухоплови, контрола на утовар и комуникација, карго, воздушни операции, транспорт, преставување и надзор. Хаваш ѓи услужува следните аеродроми..Истамбул Ататурк, Анкара Есенбога, Измир Аднан Мендерес, Адана, Анталија, Бодрум, Даламан, Газиантеп, Трабзон, Каѕсери,Невсехир, Батман, Конѕа, Сивас, Адиѕаман, Санлиурфа, Елазиг, Мус и Газипаса, овозможувајки на клиентите повеќе од 200 редовни и чартер авио-компании. 
Понатаму, ХАВАШ управуваше со Хопа Патнички Терминал во Грузија од Декември 2007 година, што понуди лесно локално патување, соодветно на географска близина на Источниот Црноморски Регион и врски до Батуми Интернационален Аеродром управуван од ТАВ Аеродроми. Наградуван безброј пати од водечките интернационални авиокомпании, Хаваш исто така ги управува аеродромските трансфери на Истамбул Ататурк, Истамбул Сабина Гокцен, Анкара, измир, Анталиа, Анталија Газипаша, Бодрум, Даламан, Малатиа, Самсун, Урфа, Хатау, Газиантеп, Конуа, Хопа, Санлиурфа, Трабзон, Цорлу и Измир. Хаваш исто така управува со паркингот за коли на аеродромот во Бодрум.

БТА КЕТЕРИНГ 
Кетеринг Услугите понудени од ТАВ Аеродроми се понудени преку БТА Кетеринг, фирма на ТАВ Аеродроми. БТА обезбедува кетеринг услуги за Ататурк Аеродром Интернационален Терминал, Анкара Есенбонга Аеродром, Аднан Мендерес Аеродром Интернационален Терминал и Тибилиси и Батуми Терминали во Грузија. Основан благодарение на заеднички ризичен потфат на Билинтур, Тепе и Акфен во 1999 година, и започнувајќи со работа во Јануари 2000година, БТА услужува 25,000 патници дневно со богато мени од светските кујни. БТА услужува во вкупна област од 22,500 квадратни метри, опкружени со кафе-барови, ресторани и бифиња со храна, на 124 точки. БТА исто така даваше услуги на Истамбул Интернационален Аеродромски Хотел на Истамбул Ататурк Аеродром Интернационален Терминал од 22 Мај, 2004 година.БТА исто така прави сендвичи и колачи под Колачи&Пекари Бренд. Понатаму, Колачи&Пекари производите се предпочитаат низ светски познатите ресторани за брза храна и кафетерии.Заедничкиот потфат помегу ТАВ Аеродроми и Унифее, АТУ нуди повеке од 40 илјади продукти од светски познати брендови со поволни цени.Денеска, АТУ опфака Duty-Free услуги во Истамбул Ататурк Аеродром, Измир Аднан Мендерес и Анкара Интернационален Терминал како и Тбилиси и Батуми Интернационални Аеродроми во Грузија и Енфидха Зине ЕЛ Абидине Бен Али Интернационален Аеродром во Тунис Енфидха, со вкупно 44 продавници. 

ТАВ УСЛУЖНИ УСЛУГИ 
За ТАВ Аеродроми, аеродромите се ништо друго туку точки на поминување, каде што сите услуги во авијацијата и вон авијацијата се нудат на гостите со модерен пристап. ТАВ Оперативни Услуги се задолжени со многу помошни услуги и приходи кои се слеваат создадени како распределба во комерцијалната свера, нови развојни бизниси, продажба на реклами и унапредување на областите, Хаваш Туризам и Туристичка Агенција, Излезниот аеродромски весник, висока класа ЦИП патнички услуги, управување со ЦИП салонот, сервис за послужување и завиткување на багаж.

ТАВ ИТ 
Низ интегрираната ,,turn- key,, можност за доставување, ТАВ ИТ пружа услуги во информатичката технологија, незаменлив инструмент во аеродромското управување, за аеродромското работење и за други бизнис партнери. На аеродромите, системот на управување за кој е задолжен TAV IT, сите бизнис партнери се слободни во едноставната и непрекината работа на системот, и на тој начин можат да се фокусираат само на нивното работење. Со тим специјализиран во авио-индустријата и во технолошките решенија, ТАВ ИТ развива производи користејки know-how за да го ослободи аеродромскиот менаџмент од комплицирани трансакции. ТАВ ИТ решенијата се во употреба во Истамбул Ататурк и Анкара Есенбога аеродромите Домашен и Интернационален Терминал, како и Измир Аднан Мендерес Аеродром Интернационален Терминал, Тбилиси Интернационален Терминал и Монастир Хабиб Бургуиба и Енфидха Зине ел Абидине Бен Али Интернационален Аеродром во Тунис. ТАВ ИТ дебитираше на сцената покрај влегувањето на Сабина Гокцен Аеродром во Фебруари 2007 година со интегриран аеродромски систем, прва компанија што не припага на ТАВ аеродром.

ТАВ БЕЗБЕДНОСНИ УСЛУГИ 
ТАВ Безбедност работи во соработка со полицијата на сите безбедносни точки за проверка и паркиралишта за коли на сите аеродроми управувани од ТАВ во Турција. ТАВ Безбедност ги следи правилата и регулативите одредени од страна на Програма за Безбедност на Националната Цивилна Авијација како и интернационалните стандарди.Неговиот експертски менаџмент беше формиран низ успешна комбинација од државни безбедносни know-how и предности од приватниот сектор. Персоналот на ТАВ Безбедност се внимателно одбрани од помегу најдобрите повеке-јазични Полицајци и воените ветерани со интернационално искуство, обучени во цивилна воздухопловна безбедност.

Covid19: Патувајте безбедно – ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

- Ги следевме искуствата на другите аеродроми ширум светот и препораките на Министерството за здравство, Светската здравствена организација (WHO), Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската Унија (EASA), Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) и Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (IATA), сè со цел да преземеме соодветни мерки навреме.

- Единствен отворен влез за патниците во терминалната зграда ќе биде влезот “C”, при што секој патник ќе треба да помине преку патосница за дезинфекција на чевлите, а потоа и да ги дезинфицира рацете на безконтактните диспанзери за дезинфекција на раце, поставени на самиот влез од зградата.

- Следно,на сите патници на влезот од терминалната зграда, ќе им биде проверена телесната температура, преку термалната камера. По скенирањето со термалната камера, доколку немаат покачена телесна температура, патниците ќе можат да продолжат кон шалтерите за регистрација или саморегистрација.

- Само оние патници кои патуваат ( имаат авиобилет) можат да влезат во терминалната зграда, а не и нивните фамилии и пријатели кои ги испраќаат или ги чекаат да пристигнат.

- На патниците на кои им е потребен придружник (постари лица, лица со намалена подвижност (PRMs), малолетни деца кои патуваат без родител/старател (UMs и др.) ќе им биде дозволено да бидат придружувани од само 1 (едно) лице до шалтерите за чекирање.

- Насекаде низ аеродромот се поставени информативни знаци, како што се транспаренти, налепници и билборди, за да ги потсетиме патниците да одржуваат физичка дистанца, висок степен на лична хигиена и да избегнуваат допирање на површините.

- Седиштата во чекалните на аеродромот, на Заминувања (Departures), Пристигнувања (Arrivals) и кај Излезите (Gates) се посебно обележани, со цел да се овозможи соодветно физичко растојание за патниците.

- За безбедноста на патниците чистењето и дезинфекцијата на сите области на аеродромот се зачестени, додека пак вентилацијата во терминалната зграда е исто така зголемена, со системот за климатизација кој користи F9 нано-хемиски филм-обложени филтри.

- Насекаде низ терминалната зграда се поставени диспанзери со средство за дезинфекција на рацете достапно за патниците.

- Пластичните кадички во кои патниците го ставаат багажот и личните работи, ќе бидат дезинфицирани по секоја употреба, или по нивно користење од секој патник.

- Патниците мора да стават заштитна маска пред да влезат во терминалната зграда на аеродромот и да ја носат се додека не заврши нивното патување на излезот од терминалот на крајната дестинација. На патниците кои нема да носат заштитна маска нема да им биде дозволен влез во терминалната зграда.

- Единствен отворен влез за патниците во терминалната зграда ќе биде влезот “C”.

- Пред да влезат во терминалната зграда, патниците мора да го покажат својот авиобилет (печатен или на нивниот мобилен телефон) на безбедносниот персонал на влезот.

- Секој патник ќе треба да помине преку патосница за дезинфекција на чевлите, а потоа и да ги дезинфицира рацете на безконтактните диспанзери за дезинфекција на раце, поставени на самиот влез од зградата.

- По опишаната дезинфекција, на влезот од терминалната зграда, патниците ќе бидат тестирани за телесна температура, преку термална камера што ја обезбеди ТАВ Македонија, со цел да се спречи влегување на вирусот во зградата на аеродромот. Патниците кои немаат зголемена телесна температура, ќе можат да продолжат до шалтерите за чекирање. Нашиот персонал ќе ја контролира проверката со термалната камера. Доколку е потребно, ќе се прави и дополнителна проверка со бесконтактен термометар.

- Со цел да се избегне создавање непотребен метеж на шалтерите за регистрација, ТАВ Македонија ги охрабрува патниците што повеќе да ја користат опцијата за онлајн регистрација на патници и багаж, најмалку 24 часа пред времето на полетување. Истата е достапна преку веб-страницата на аеродромот на следниот линк: http://ohd.airports.com.mk/en-EN/flights/page/web-check-in , каде што преку посебни икони секој патник може да пристапи до делот за онлајн регистрација од веб-страниците на авиокомпаниите.

- Доколку треба да се најавите на нашите шалтери, нашиот пријателски персонал најљубезно ќе ви покаже како да им го презентирате вашиот билет за летање и како индивидуално да го повлечете пасошот на читачот за регистрација, поставен на предниот дел од шалтерите, со цел да се избегне физички контакт колку што е можно повеќе. Истата постапка, за саморегистрација на авиобилетот и пасошот, преку нашите читачи за регистрација, ќе се примени и за процесот за качување во авион на излезите.

- Патниците ќе треба дисциплинирано да ги следат упатствата на агентите за безбедност, и таму, како и при сите процедури каде што се создаваат редици, потребно ќе биде да се држи физичко растојание од најмалку 1.5 метар.

- Во терминалната зграда ќе можат да влезат само лицата кои патуваат, со тоа што ќе мора да го покажат својот авиобилет (печатен или на нивниот мобилен телефон) на безбедносниот персонал на влезот “C”.

- На фамилиите и пријателите кои ги испраќаат патниците или ги чекаат да пристигнат, нема да им биде дозволен влез во терминалната зграда.

- На патниците на кои им е потребен придружник (постари лица, лица со намалена подвижност (PRMs), малолетни деца кои патуваат без родител/старател (UMs и др.) ќе им биде дозволено да бидат придружувани од само 1 (едно) лице до шалтерите за чекирање. Истите правила кои важат за патниците, во однос на личната дезинфекција, носење заштитна маска и мерење на телесната температура, се однесуваат и ќе бидат применети и за нивниот придружник.

- Им препорачуваме на Патниците да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет.

- Поради новите мерки за заштита од COVID-19, некои од аеродромските процедури може да траат подолго време.

- Сите деловни и ВИП простории се чистат и дезинфицираат според пропишаното од страна на јавните здравствени власти ,со зголемена фреквенција врз основа на авиосообраќајот.

- Обезбедена е соодветна заштита за вработените, која вклучува опрема за лична заштита, како ракавици, заштитни маски, очила или штитови за лице.

- Поставени се и информациски знаци и ознаки на подот за да се поттикне физичко растојание, како и повеќе диспанзери со средство за дезинфекција, врз база на алкохол, со соодветна ознака за патниците.

- Сите производи кои се сервираат во салоните ќе бидат изложени спакувани во фолија и сите гости ќе можат да ги добијат производите во индивидуални пакувања.

- Ќе им опција за самопослужување со цел патниците имаат ограничен контакт со персоналот.

- Ќе се врши честа дезинфекција на површините кои се често се во допир со персоналот и патниците,

- Ќе бидат поставени посебни корпи за отпадоци за искористените маски и ракавици.

- Масите и столчињата ќе бидат дезинфицирани по нивно користење од страна на сите гостите.

- Сите вработени во продавниците треба да носат заштитна опрема. Ќе биде вграден и плексиглас сепаратор со цел да се избегне контакт помеѓу касата и гостите.

- На влезот на рестораните ќе бидат поставени апарати за дезинфекција за персоналот и гостите.

- Преку водечки знаци, гостите ќе бидат потсетени на правилата за социјално дистанцирање што треба да ги следат, особено кај редовите кај местата за нарачки и плаќање.

- Во сите ресторани, капацитетот е намален и растојанието помеѓу масите е зголемено. По две столици ќе бидат поставени на сите маси.

- Послужавниците и чиниите ќе бидат отстранети од вообичаените области. Тие ќе им бидат давани на гостите од страна на службениот персонал.

- Ќе се користат пакувани производи за еднократна употреба наместо производите, како што се сол, шеќер, салфетки, итн. Производите за еднократна употреба (сламки, салфетки, итн.) ќе бидат отстранети од заедничката област и ќе да бидат служени на гостите од страна на службениот персонал.

- Кај редовите кај местата за нарачки и плаќање, поставени се налепници на подот на растојание (1,5метар), погодно за социјално растојание.

- Вработените ќе работат со заштитна опрема.

- Опремата која се користи често ќе биде редовно дезинфицирана.

- Физичкото растојание од 1,5метар е минимално во просторот за сите присутни лица и за таа цел околу подот на бесцаринските продавници се поставени водечки знаци.

- Ги советуваме клиентите да користат само безконтактна кредитна или дебитна картичка.

- Ќе бидат означени строги влезни места во продавниците, каде ќе се користат апарати за дезинфекција врз основа на алкохол пред влегување во бесцаринските продавници.

- На патниците кои не носат маска нема да им биде дозволен влез во продавницата.

- Во бесцаринските продавници ќе бидат дозволени не повеќе од 10 клиенти истовремено.

- Патниците треба да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет, затоа што најмалку 1 час пред времето на полетување тие веќе треба да бидат во бординг зоната, односно на Излезите (Gates).

- За време на процесот на качување во авион, патниците ќе треба да го покажат својот пасош, односно патната исправа и нивната карта за качување во авион на агентот за проверка на картите за качување во авион и индивидуално да ја скенираат својата карта за качување во авион на читачот.

- Патниците мора да носат заштитна маска, да го одржуваат пропишаното физичко растојание за затворени простории и да чуваат високо ниво на лична хигиена.

- При нивното пристигнување, патниците ќе го напуштат воздухопловот со помош на паралелна употреба на скали на задна врата и патнички мост на предна врата од воздухопловот, за да се намали гужва.

- По симнувањето на патниците на воздухопловот ќе биде извршена превентивна дезинфекција.

- Ќе се врши скрининг со термална камера при влез од страна на Министерството за здравство пред и по пасошка контрола.

- Поставени се апарати за дезинфекција во делот за пристигнувања (по влегување во земјата, во близина на пасошка контрола и при излегување од царинска контрола).

- Ќе има обележување на местата за чекање на подот во зоната за подигање багаж, со цел да се обезбеди соодветно растојание меѓу патниците кои што чекаат.

Често поставувани прашања

 

Не постои редовна автобуска линија за патници до Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид, туку само организиран автобуски превоз во рамки на организираните тури/сезонски летови од локалните туристички агенции.

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид работи согласно распоредот на летање.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за регистрација почнува најмалку 120 минути (2 часа) пред предвиденото време на полетување, а во случај на интерконтинентален лет најмалку 180 минути (3 часа) пред времето на полетување назначено на Вашиот авиобилет. Затворањето на аеродромскиот шалтер за регистрација е најдоцна 40 минути пред времето на полетување назначено во Вашиот авиобилет, а во случај на интерконтинентален лет најдоцна 60 минути пред времето на полетување назначено во Вашиот авиобилет.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на аеродромот, во делот за Пристигнувања и Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонските броеви:
++ 389 46 252 820
++ 389 46 252 821
++ 389 46 262 503

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следнава е-пошта: customer.mk@tav.aero

 

Доколку изгубите Ваш личен предмет на аеродромот или во авион, пријавете го во Службата Изгубено/Најдено уште додека сте на аеродромот. Доколку сте излегле од аеродромот, испратете е-пошта на: lostbaggage.ohrid@tav.aero

Доколку пронајдете загубени предмети, веднаш пријавете ги на службени лица од Службата Изгубено/Најдено, вработени од Обезбедувањето, или од Шалтерот за пријавување, и испратете е-пошта на: lostbaggage.ohrid@tav.aero

Нема потреба за претходна резервација на паркинг-место.

Ценовник за паркинг на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид:

Паркирање во времетраење До 1 час Од 1 до 2 часа Од 2 до 3 часа Од 3 до 4 часа Од 4 до 8 часа Од 8 до 12 часа Од 12 до 24 часа Од 3 до 7 дена
Цени во МКД 70 80 100 120 130 200 400 1200
 
Паркирање во времетраење 1 месец
Цена во МКД 1.000

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате. Одредени авиокомпании не дозволуваат домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

Во моментов – не. На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид е дозволено да се пуши само во отворената тераса на барот сместен пред терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на: customer.mk@tav.aero. Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, кој во најкус можен рок ќе Ви одговори на Вашите прашања.