Известување за патници за забрана за движење 23.3. – 6.4.2021

Известување за патници за забрана за движење 23.3. – 6.4.2021

Скопје, 24-ти Март 2021

 

Според Одлука донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија (https://vlada.mk/node/24627), во периодот од 23.3 – 6.4.2021 продолжува да важи претходно донесената Одлука за забрана за движење, односно полициски час, од 22:00ч до 05:00ч. (https://vlada.mk/node/24494)

Од оваа забрана за движење се изземени патниците на двата Меѓународни Аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со тоа што како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти.