Систем за управување со оперативна безбедност (SMS)

Систем за управување со оперативна безбедност (SMS)

Изјава за политика

Оперативната безбедност е главниот приоритет во сите наши активности. Ние сме посветени на креирање, развивање, спроведување, одржување и постојано подобрување на стратегиите и процесите за да бидеме сигурни дека сите наши активности поврзани со воздухопловството се одвиваат според соодветно и правилно распределување на организациските ресурси, со цел постигнување на највисоко ниво на ефикасност и ефективност на оперативната безбедност и исполнување на локалните и меѓународните регулаторни барања, при испорака на нашите услуги.

Сите нивоа на управување и сите вработени се одговорни за испорака на ова највисоко ниво на ефикасност и ефективност на оперативната безбедност, почнувајќи од Генералниот директор.

Нашата заложба е следнава:

  • Да имплементираме систем за управување со оперативната безбедност (ЅМЅ) и да обезбедиме постојана контрола со цел натамошен развој на системот;
  • Да развиеме и да воспоставиме култура на оперативна безбедност во сите наши активности што ја препознаваат важноста и вредноста на ефикасното управување со оперативна безбедност и да потврдиме дека секогаш безбедноста е од огромно значење;
  • Јасно да ги дефинираме за секој вработен, нивните обврски и одговорности за развој и испорака на оперативна безбедност и ефикасност при работењето. Да бидеме сигурни дека целокупниот персонал е запознаен со соодветни и адекватни информации и обука во однос на оперативната безбедност и дека е квалификуван за прашања во однос на оперативната безбедност;
  • Да бидеме сигурни дека доволно стручен и обучен кадар е на располагање за спроведување на оваа политика за оперативна безбедност и дека постојано ги подобруваме и усовршуваме ефикасноста и квалитетот;
  • Да го поддржиме управувањето со оперативната безбедност преку обезбедување на сите соодветни ресурси;
  • Да се осигуриме дека управувањето со оперативната безбедност е примарна одговорност на сите раководители и вработени;
  • Да воспоставиме и да работиме со процеси за идентификација на опасност и управување со ризици, вклучително и систем за известување и пријавување опасности, со цел да се елиминираат или ублажат безбедносните ризици од последиците од опасностите што произлегуваат од нашите активности или работење, за да се постигне континуирано подобрување на ефикасноста и квалитетот на нашата оперативна безбедност;
  • Да бидеме сигурни дека нема да се преземе никакво дејствие против ниту еден вработен кој ќе открие проблем во однос на оперативната безбедност преку системот за известување за опасности, освен ако таквото откривање не укажува на незаконска активност, небрежност, акти на намерно однесување или непотребна грижа и внимание, а тоа мора да се смета како неприфатливо однесување.
  • Да ги почитуваме и, кога е можно, да бидеме над, законските одредби, регулаторните барања и стандарди:

Од секој вработен се бара проактивно и превентивно да пристапува кон оперативната безбедност. Секој вработен мора да презема чекори за веднаш да ги ублажи опасностите кога постои потреба и да пријави опасност или инцидент преку соодветната процедура за пријавување и известување на компанијата. Сите вработени имаат обврска и право да пријават небезбедни работни услови, претходно непрепознаени опасности поврзани со оперативната безбедност, или нарушување на оперативната безбедност на другите. Политиката за ЅМЅ е применлива и се однесува за целокупниот персонал и секој аспект на дејноста на компанијата и се дистрибуира до сите вработени преку системот на внатрешно известување на компанијата. Политиката се следи и периодично подлежи на преглед и контрола со цел исполнување на законските барања, целите на оперативната безбедност и поставените таргети.

Корисни информации

Летови
Летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид во реално време

Купување и јадење
Купување и јадење

Погледнете го целиот асортиман на продавници во нашиот трговски универзум. На аеродромот ќе најдете голем избор на продавници за мода, електроника, дизајн и сувенири

Паркинг
Паркинг

Вашиот пат до обезбеден паркинг простор! Искористете ги придобивките од атрактивните онлајн-понуди за паркинг услуги на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид

Често поставувани прашања

 
 

Не постои редовна автобуска линија за патници до Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид, туку само организиран автобуски превоз во рамки на организираните тури/сезонски летови од локалните туристички агенции.

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид работи согласно распоредот на летање.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на аеродромот, во делот за Пристигнувања и Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонските броеви:
++ 389 46 252 820
++ 389 46 252 821
++ 389 46 262 503

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следнава е-пошта: customer.mk@tav.aero

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage.ohrid@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage.ohrid@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на dutyohd@tav.aero   
Сите детали на: http://ohd.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/airport-facilities-services-mk/page/lost-luggage-mk 

Нема потреба за претходна резервација на паркинг-место.

Ценовник за паркинг на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид:

ПАРКИНГ

До 1 час

1 – 2 часа

2 – 3 часа

3 – 4 часа

4 – 8 
часа

8 – 12 
часа

12 – 24 часа

3 – 7 дена  

Автомобил

90

120

150

180

230

270

600

1.500

Автобус  

250

400

500

600

800

1.000

1.600

4.000

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате. Одредени авиокомпании не дозволуваат домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

Во моментов – не. На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид е дозволено да се пуши само во отворената тераса на барот сместен пред терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на: customer.mk@tav.aero. Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, кој во најкус можен рок ќе Ви одговори на Вашите прашања.