Бизнис

Covid19: Патувајте безбедно – ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

ТАВ Македонија, како оператор на аеродром, работи во согласност со правилата и прописите на државните институции во земјите каде патуваат патници, пограничните институции на аеродромите и авиокомпаниите.
За информации во врска со барањата за патни документи и/или ковид-тестови од страна на земјата во која сакате да пристигнете, Ве молиме да се обратите до Aмбасадата на таа земја, како и до авиокомпанијата со која ќе патувате. 
Со оглед на тоа што ТАВ Македонија како оператор на аеродромите не е надлежна за утврдување и поставување на правилата за влез/излез во/од државата, туку тоа е надлежност на Граничната полиција, во чии ингеренции е Пасошката контрола на аеродромите, Ве замолуваме да се обратите до Министерството за внатрешни работи на Р.С.Македонија  https://mvr.gov.mk/default , како и до Министерството за здравство http://zdravstvo.gov.mk/  и Владата https://vlada.mk/ , каде што одлучуваат за овие правила поврзани со пандемијата со Ковид-19.
-    На двата аеродрома има можност за правење на КОВИД-19 тестови пред вашето заминување. 
Лабораториите на клиниката Жан Митрев и Никоб Лаб вршат тестирање на патници на аеродромите. Повеќе информации можете да најдете на линковите подолу.

Меѓународен Аеродром Скопје
https://zmc.mk/en/covid19/skopje-ohrid-airport-covid-19-testing-point/ 

https://nikoblab.mk/ 

Аеродром Св. Апостол Павле Охрид: 
https://zmc.mk/en/covid19/skopje-ohrid-airport-covid-19-testing-point/  

http://ohd.airports.com.mk/mk-MK/media-centre-mk/announcements-mk/page/announcement-covid-testing-airport-ohrid-mk 

- Редовно и навремено ги применуваме сите мерки на Владата и на Министерството за здравство, како надлежни државни институции. Секако, ги следиме и искуствата на другите аеродроми ширум светот и препораките на Светската здравствена организација (WHO), Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската Унија (EASA), Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) и Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (IATA), сè со цел да преземаме соодветни мерки навреме, како што се менуваат условите во оваа глобална пандемија.

-    Носењето заштитна маска за лице за патниците во терминалната зграда на аеродромот, не е задолжително, согласно измените и дополнувањата на мерките за Ковид-19 донесени од Владата на Северна Македонија од 3.5.2022 година https://vlada.mk/node/28642. Согласно овие измени, граѓаните немаат обврска да носат заштитна маска за лице во сите затворени места, освен во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз (автобус, железница, авион и такси) и во установите за згрижување стари лица и лица со попреченост. Во однос на носење маска за време на лет, патниците треба да ги следат правилата и барањата на авиокомпанијата со која патуваат.

-    И покрај постоењето на опцијата за онлајн пријавување, поради новонастанатите Ковид-19 рестрикции, патниците се должни, при нивното пристигнување на аеродромот, да се пријават на шалтерите за пријавување, за проверка и верификација на документите потребни за влез во државата во која патуваат, како и пријавување на нивниот багаж. 

-    Патниците ќе треба дисциплинирано да ги следат упатствата на агентите за обезбедување, и таму, како и при сите процедури каде што се создаваат редици, потребно ќе биде да се држи физичко растојание од најмалку 1,5 метар.

Влезот во терминалната зграда на охридскиот аеродром, почнувајќи од 3-ти мај 2022 година, кога Владата на РСМ ги укина сите заштитни мерки поврзани со ковид-19  https://vlada.mk/node/28642 освен носењето заштитни маски во одредени установи, е дозволен без ограничувања/барања поврзани со ковид-19.

Согласно сé уште актуелните барања за разни документи за патување поврзани со ковид-19 од страна на странските држави, кои нашите вработени задолжително ги проверуваат на на шалтерите за регистрација на патници и багаж, апелираме до сите патници да пристигнат на аеродромот 3 часа пред закажаниот лет.

Ако евентуално одлучите да правите ковид-19 тест во еден од објектите на двете лаборатории на аеродромот, Ве молиме пристигнете на аеродром и порано од 3 часа, а согласно потребното време за изготвување на тестот, кое пак треба да го проверите со соодветната лабораторија. 

- Бизнис и ВИП Салонот се чистат и дезинфицираат според пропишаното од страна на јавните здравствени власти, со зголемена фреквенција врз основа на авиосообраќајот. 
- Поставени се повеќе диспанзери со средство за дезинфекција, врз база на алкохол, со соодветна ознака за патниците.
- Има опција за самопослужување со цел патниците да имаат ограничен контакт со персоналот.

- Ќе се врши честа дезинфекција на површините кои се често се во допир со персоналот и патниците,

- Масите и столчињата ќе бидат дезинфицирани по нивно користење од страна на сите гостите.

- Послужавниците и чиниите ќе бидат отстранети од вообичаените области. Тие ќе им бидат давани на гостите од страна на службениот персонал

- Опремата која се користи  редовно се дезинфицира.

- Физичкото растојание од 1,5метар е минимално во просторот за сите присутни лица и за таа цел околу подот на бесцаринските продавници се поставени водечки знаци.

- Ги советуваме клиентите да користат само безконтактна кредитна или дебитна картичка.

-
Влезот е дозволен за сите патници. Поставени се апарати за дезинфекција врз основа на алкохол пред влегување во бесцаринските продавници.

-    Патниците треба да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет, затоа што најмалку 1 час пред времето на полетување шалтерите за пријавување се затвораат. Ова значи дека патниците најмалку 1 час пред времето на полетување треба да ја имаат завршено процедурата за пријавување, a потоа и процедурите за Пасошка контрола и безбедносна проверка, со цел навреме да пристигнат во зоната за качување во авион, односно кај Излезите.