Covid19: Патувајте безбедно – ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
За информации во врска со барањата за патни документи и/или ковид-тестови од страна на земјата во која сакате да пристигнете, Ве молиме да се обратите до Aмбасадата на таа земја, како и до авиокомпанијата со која ќе патувате.
Лабораториите на клиниката Жан Митрев и Никоб Лаб вршат тестирање на патници на аеродромите. Повеќе информации можете да најдете на линковите подолу.
Меѓународен Аеродром Скопје
https://zmc.mk/en/covid19/skopje-ohrid-airport-covid-19-testing-point/
https://nikoblab.mk/
Аеродром Св. Апостол Павле Охрид:
https://zmc.mk/en/covid19/skopje-ohrid-airport-covid-19-testing-point/
http://ohd.airports.com.mk/mk-MK/media-centre-mk/announcements-mk/page/announcement-covid-testing-airport-ohrid-mk
- Редовно и навремено ги применуваме сите мерки на Владата и на Министерството за здравство, како надлежни државни институции. Секако, ги следиме и искуствата на другите аеродроми ширум светот и препораките на Светската здравствена организација (WHO), Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската Унија (EASA), Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) и Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (IATA), сè со цел да преземаме соодветни мерки навреме, како што се менуваат условите во оваа глобална пандемија.
- Носењето заштитна маска за лице за патниците во терминалната зграда на аеродромот, не е задолжително, согласно измените и дополнувањата на мерките за Ковид-19 донесени од Владата на Северна Македонија од 3.5.2022 година https://vlada.mk/node/28642. Согласно овие измени, граѓаните немаат обврска да носат заштитна маска за лице во сите затворени места, освен во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз (автобус, железница, авион и такси) и во установите за згрижување стари лица и лица со попреченост. Во однос на носење маска за време на лет, патниците треба да ги следат правилата и барањата на авиокомпанијата со која патуваат.
- И покрај постоењето на опцијата за онлајн пријавување, поради новонастанатите Ковид-19 рестрикции, патниците се должни, при нивното пристигнување на аеродромот, да се пријават на шалтерите за пријавување, за проверка и верификација на документите потребни за влез во државата во која патуваат, како и пријавување на нивниот багаж.
- Патниците ќе треба дисциплинирано да ги следат упатствата на агентите за обезбедување, и таму, како и при сите процедури каде што се создаваат редици, потребно ќе биде да се држи физичко растојание од најмалку 1,5 метар.
Влезот во терминалната зграда на охридскиот аеродром, почнувајќи од 3-ти мај 2022 година, кога Владата на РСМ ги укина сите заштитни мерки поврзани со ковид-19 https://vlada.mk/node/28642 освен носењето заштитни маски во одредени установи, е дозволен без ограничувања/барања поврзани со ковид-19.
Согласно сé уште актуелните барања за разни документи за патување поврзани со ковид-19 од страна на странските држави, кои нашите вработени задолжително ги проверуваат на на шалтерите за регистрација на патници и багаж, апелираме до сите патници да пристигнат на аеродромот 3 часа пред закажаниот лет.
Ако евентуално одлучите да правите ковид-19 тест во еден од објектите на двете лаборатории на аеродромот, Ве молиме пристигнете на аеродром и порано од 3 часа, а согласно потребното време за изготвување на тестот, кое пак треба да го проверите со соодветната лабораторија.
- Бизнис и ВИП Салонот се чистат и дезинфицираат според пропишаното од страна на јавните здравствени власти, со зголемена фреквенција врз основа на авиосообраќајот.
- Поставени се повеќе диспанзери со средство за дезинфекција, врз база на алкохол, со соодветна ознака за патниците.
- Има опција за самопослужување со цел патниците да имаат ограничен контакт со персоналот.
- Ќе се врши честа дезинфекција на површините кои се често се во допир со персоналот и патниците,
- Масите и столчињата ќе бидат дезинфицирани по нивно користење од страна на сите гостите.
- Послужавниците и чиниите ќе бидат отстранети од вообичаените области. Тие ќе им бидат давани на гостите од страна на службениот персонал
- Опремата која се користи редовно се дезинфицира.
- Физичкото растојание од 1,5метар е минимално во просторот за сите присутни лица и за таа цел околу подот на бесцаринските продавници се поставени водечки знаци.
- Ги советуваме клиентите да користат само безконтактна кредитна или дебитна картичка.
- Влезот е дозволен за сите патници. Поставени се апарати за дезинфекција врз основа на алкохол пред влегување во бесцаринските продавници.
- Патниците треба да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет, затоа што најмалку 1 час пред времето на полетување шалтерите за пријавување се затвораат. Ова значи дека патниците најмалку 1 час пред времето на полетување треба да ја имаат завршено процедурата за пријавување, a потоа и процедурите за Пасошка контрола и безбедносна проверка, со цел навреме да пристигнат во зоната за качување во авион, односно кај Излезите.