Безбедносна проверка

Безбедносна проверка

Согласно националните и меѓународните усвоени регулативи, превезувањето течности во авион е ограничено. Овие регулативи се превентивен одговор на новите закани на цивилното воздухопловство.

Овие регулативи обезбедуваат поголема безбедност за патниците и заштита на цивилното воздухопловство од акти на незаконско постапување, спречуваат терористички напади со течни експлозиви и гарантираат дека безбедносните мерки во ЕУ се унифицирани. Регулативата ги ограничува течностите што патниците можат да ги носат по безбедносните контролни пунктови на аеродромите, а потоа и кон авионот. Се однесува на сите летови кои заминуваат од аеродромите во ЕУ, без оглед на нивната дестинација или потеклото на превозникот.

Овие правила важат само за рачен багаж. Патниците сепак можат да носат мали количества производи за лична нега во нивниот рачен багаж (парфеми, креми, гелови, итн.), под услов пакувањата да не надминуваат повеќе од 100 ml и да може лесно да се стават во проѕирна пластична кеса (тежина: еден литар). Патниците мора да ги покажат течностите што се складирани на овој начин на безбедносниот пункт и да ги достават за безбедносни проверки. Одредени исклучоци се дозволени, како на пример за лекови и храна потребна за време на лет, вклучително и храна за бебиња.

Дополнително, правилата бараат од патниците да ги соблечат палтата и јакните на безбедносните контролни пунктови и од нивниот рачен багаж да ги извадат преносливите компјутери и поголемите електрични уреди. Регулативата исто така ги утврдува и максимално дозволените димензии за рачниот багаж (56x45x25cm), со можност за одредени исклучоци како што се за музички инструменти.

ЗАБРАНЕТИ ПРЕДМЕТИ ВО РАЧЕН БАГАЖ  Пиштоли (реплики на пиштоли и пушки, пиштоли за играње, имитација на оружје), ножеви, ножици, палки, запаливи експлозивни материјали, боци за пропан и / или бутан, жични музички инструменти, опрема за риболов, се некои од предметите што забранети за во патничката кабина во авион.

Може да носите некои од овие предмети само во вашиот регистриран багаж, но задолжително е да го пријавите кај аеродромскиот персонал за регистрација на патници и багаж, пред почнување на процесот на регистрација. Тие предмети ќе бидат проверени од страна на нашиот персонал за обезбедување пред багажот да биде испратен во авионот и пред да биде соодветно означен, согласно воздухопловните регулативи за такви предмети.

Во случај да имате намера да превезете пиштол или друго оружје, иако поседувате соодветна лиценца/дозвола, мора да го известите персоналот за регистрација на патници и багаж за тоа.

За повеќе информации во врска со забранетите предмети, или доколку се двоумите или имате прашања, ве молиме консултирајте се со авиокомпанијата или туристичкиот агент за дополнителни детали.

Ве молиме имајте предвид дека наведените забранети предмети не се сите опасни материјали кои се забранети за во патничката кабина во авион. Подолу е дадена комплетната листа на забранети предмети за превезување во рачен багаж.  

ЛИСТА НА ЗАБРАНЕТИ ПРЕДМЕТИ

ЗАБРАНЕТИ ПРЕДМЕТИ ВО РАЧЕН И ВО РЕГИСТРИРАН БАГАЖ

Дополнително, бидете информирани дека одредени предмети не се дозволени за превезување ниту во рачен ниту во регистриран багаж. Експлозиви, муниција, запаливи материи, огномети, пиротехника, бензини, хемиски и радиоактивни материи, корозивни супстанции, киселини, спрејови за аеросол, гас за самоодбрана, солзавец, кибрит и други опасни предмети, како што се магнетизиран материјал или надразнувачки материи, се строго забранети за носење во авион на било кој начин.

Домашни миленици

Од патниците се бара да ги направат сите неопходни подготовки во врска со транспортот на домашни миленици, како што се снабдување со соодветна документација, пред нивното патување. Како по правило, домашните миленици се транспортираат во специјално обезбеден простор на карго-багажникот. Авиокомпаниите вообичаено дозволуваат мали домашни миленици да се превезуваат во патничката кабина (како на пр. кучиња, мачки, птици). Домашниот миленик треба да се превезува во соодветен кафез или кошница со водоотпорно дно. Транспортот на домашни миленици се наплаќа дополнително согласно тарифите применливи за дополнителен багаж. За детали, ве молиме да ја контактирате вашата авиокомпанија или туристичкиот агент.

Оружје

При регистрација, доколку патниците имаат било какво оружје, задолжително треба да го пријават и тоа може да се превезува само во посебно заклучено место за складирање, под надлежност на пилотот. За детали, ве молиме да ја контактирате вашата авиокомпанија или туристичкиот агент.

Совети за безбедност

Ве молиме, не го оставајте вашиот багаж без надзор. Не пакувајте опасни и забранети предмети во вашиот багаж и не превезувајте багаж на други лица. Не треба да се земаат предмети од непознати лица, за секој обид за таква активност треба веднаш да се извести релевантниот персонал на шалтерот за регистрација на патници и багаж.

Корисни информации

Летови
Летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид во реално време

Купување и јадење
Купување и јадење

Погледнете го целиот асортиман на продавници во нашиот трговски универзум. На аеродромот ќе најдете голем избор на продавници за мода, електроника, дизајн и сувенири

Паркинг
Паркинг

Вашиот пат до обезбеден паркинг простор! Искористете ги придобивките од атрактивните онлајн-понуди за паркинг услуги на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид

Често поставувани прашања

 

Не постои редовна автобуска линија за патници до Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид, туку само организиран автобуски превоз во рамки на организираните тури/сезонски летови од локалните туристички агенции.

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид работи согласно распоредот на летање.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за регистрација почнува најмалку 120 минути (2 часа) пред предвиденото време на полетување, а во случај на интерконтинентален лет најмалку 180 минути (3 часа) пред времето на полетување назначено на Вашиот авиобилет. Затворањето на аеродромскиот шалтер за регистрација е најдоцна 40 минути пред времето на полетување назначено во Вашиот авиобилет, а во случај на интерконтинентален лет најдоцна 60 минути пред времето на полетување назначено во Вашиот авиобилет.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на аеродромот, во делот за Пристигнувања и Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонските броеви:
++ 389 46 252 820
++ 389 46 252 821
++ 389 46 262 503

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следнава е-пошта: customer.mk@tav.aero

 

Доколку изгубите Ваш личен предмет на аеродромот или во авион, пријавете го во Службата Изгубено/Најдено уште додека сте на аеродромот. Доколку сте излегле од аеродромот, испратете е-пошта на: lostbaggage.ohrid@tav.aero

Доколку пронајдете загубени предмети, веднаш пријавете ги на службени лица од Службата Изгубено/Најдено, вработени од Обезбедувањето, или од Шалтерот за пријавување, и испратете е-пошта на: lostbaggage.ohrid@tav.aero

Нема потреба за претходна резервација на паркинг-место.

Ценовник за паркинг на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид:

Паркирање во времетраење До 1 час Од 1 до 2 часа Од 2 до 3 часа Од 3 до 4 часа Од 4 до 8 часа Од 8 до 12 часа Од 12 до 24 часа Од 3 до 7 дена
Цени во МКД 70 80 100 120 130 200 400 1200
 
Паркирање во времетраење 1 месец
Цена во МКД 1.000

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате. Одредени авиокомпании не дозволуваат домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

Во моментов – не. На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид е дозволено да се пуши само во отворената тераса на барот сместен пред терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на: customer.mk@tav.aero. Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, кој во најкус можен рок ќе Ви одговори на Вашите прашања.