Багаж

Багаж

Основни правила

Патникот го предава својот багаж на шалтерот за чекирање. По завршувањето на процедурите за чекирање, патникот добива белешка за чекиран багаж (стикер). 
Дозволената тежина на багажот варира во зависност од превозникот и патничката класа.

Просечно дозволената тежина на багажот е:

  • 30 кг за бизнис класа
  • 20 кг за економска класа
  • 10 кг за деца до 2 годишна возраст

Вишокот на багаж се наплаќа, висината на надоместокот ја пропишува авиопревозникот.
Во чекираниот багаж не е дозволено носење на опасни материи.

Додека сте на аеродромот треба да обратете внимание на следното:

 Процедури за предавање на багажот:

  • Не оставајте го вашиот багаж без придружба, заклучен, обележан со име, презиме и адреса, се додека не го предадете на шалтерот за чекирање,
  • Ви препорачуваме секогаш да водите сметка за рачниот багаж
  • Не пријавувајте туѓ багаж на шалтерот за чекирање како ваш, бидејќи туѓиот бага може да содржи предмети кои можат да ве доведат во ситуација на опасност или одговорност пред соодветните безбедносни служби;


Рачен багаж

Авиопревозниците индивидуално ги пропишуваат димензиите и тежините на багажот кој може да се понесе во патничката кабина како рачен багаж;
Кога го букирате вашиот лет информирајте се за дозволената тежина и димензии на рачниот багаж.
Тежината и димензиите на рачниот багаж се лимитирани. Во праксата, најчесто дозволена тежина на рачниот багаж е од 5 до 10кг. а вкупниот збир од  должина, висина и широчина да не е повеќе од 115цм.
Информациите во врска со предметите кои не е дозволено да се внесат во патничката кабина можете да најдете на кориците од авионската карта, како и на постерите во зоната за чекирање на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид.


Опасни материи

Информации во врска со предметите кои не се дозволени да се  носат во патничкиот багаж  можете да најдете на кориците од авионската карта, како и на постерите во зоната за чекирање на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид. 
Основни групи на опасни материи во патничкиот багаж и багажот на екипажот се:

  • Предмети кои не се прифатливи во воздушниот превоз;
  • Предмети кои се прифатливи во воздушниот превоз но под одредени услови, во зависност од видот дефиниран со прописите за превоз на опасни материи.


Забранети материи

Следните предмети се забранети за превоз во рачниот или чекираниот багаж:

  • Солзавец и други иритирачки или необични спрејови;
  • Литиумски батерии и пиротехнички материјали;
  • Сигнални ракети, ракети за огномет;
  • Плин, керозин, гориво, боци со плин или гориво за полнење на запалки;
  • Цилиндри со кислород, кибрити;
  • Боци со сода, уреди за подводно заварување;
  • Автомобилски акумулатори;
  • Агенси кои се користат во домаќинството;
  • Отрови, бои и лакови;


Материи кои се дозволени за превоз

Постојат опасни материи кои се прифатливи во воздушниот превоз под одредени услови. Тоа се следните материи:

  • Жестоки пијалоци носени од патниците или екипажот како чекиран багаж. Дозволена количина е до 5 литри по патник со процент на алкохол од 24 до 70%
  • Сув мраз – како средство за одржување на храна или пијалоци, со дозвола од превозникот може да биде прифатен како чекиран багаж. Дозволена количина е до 2 кг по патник.
  • Запалка – Дозволено е една запалка или кибрит со себе
  • Замрзнат течен азот
  • Спрејови за коса, дезодоранси, парфеми, колонски води и други спрејови. Дозволени се за превоз во количина од 2 литри, т.е. 2 кг по патник. Секоја индивидуална единица со предмети за лична хигиена не треба да биде повеќе од 0,5 литри тоест 0,5 кг.
  • Опрема за гнурење - боцата со кислород и подводната лампа се дозволени за превоз само во рачниот багаж, под услов да бидат отстранети сите термални и енергетски елементи.
  • Инвалидски колички со батерии, можат да се превезуваат со дозвола од превозникот.

Covid19: Патувајте безбедно – ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

ТАВ Македонија, како оператор на аеродром, работи во согласност со правилата и прописите на државните институции во земјите каде патуваат патници, пограничните институции на аеродромите и авиокомпаниите.
За информации во врска со барањата за патни документи и/или ковид-тестови од страна на земјата во која сакате да пристигнете, Ве молиме да се обратите до Aмбасадата на таа земја, како и до авиокомпанијата со која ќе патувате. 
Со оглед на тоа што ТАВ Македонија како оператор на аеродромите не е надлежна за утврдување и поставување на правилата за влез/излез во/од државата, туку тоа е надлежност на Граничната полиција, во чии ингеренции е Пасошката контрола на аеродромите, Ве замолуваме да се обратите до Министерството за внатрешни работи на Р.С.Македонија  https://mvr.gov.mk/default , како и до Министерството за здравство http://zdravstvo.gov.mk/  и Владата https://vlada.mk/ , каде што одлучуваат за овие правила поврзани со пандемијата со Ковид-19.
-    На двата аеродрома има можност за правење на КОВИД-19 тестови пред вашето заминување. 
Лабораториите на клиниката Жан Митрев и Никоб Лаб вршат тестирање на патници на аеродромите. Повеќе информации можете да најдете на линковите подолу.

Меѓународен Аеродром Скопје
https://zmc.mk/en/covid19/skopje-ohrid-airport-covid-19-testing-point/ 

https://nikoblab.mk/ 

Аеродром Св. Апостол Павле Охрид: 
https://zmc.mk/en/covid19/skopje-ohrid-airport-covid-19-testing-point/  

http://ohd.airports.com.mk/mk-MK/media-centre-mk/announcements-mk/page/announcement-covid-testing-airport-ohrid-mk 

- Редовно и навремено ги применуваме сите мерки на Владата и на Министерството за здравство, како надлежни државни институции. Секако, ги следиме и искуствата на другите аеродроми ширум светот и препораките на Светската здравствена организација (WHO), Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската Унија (EASA), Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) и Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (IATA), сè со цел да преземаме соодветни мерки навреме, како што се менуваат условите во оваа глобална пандемија.

-    Носењето заштитна маска за лице за патниците во терминалната зграда на аеродромот, не е задолжително, согласно измените и дополнувањата на мерките за Ковид-19 донесени од Владата на Северна Македонија од 3.5.2022 година https://vlada.mk/node/28642. Согласно овие измени, граѓаните немаат обврска да носат заштитна маска за лице во сите затворени места, освен во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз (автобус, железница, авион и такси) и во установите за згрижување стари лица и лица со попреченост. Во однос на носење маска за време на лет, патниците треба да ги следат правилата и барањата на авиокомпанијата со која патуваат.

-    И покрај постоењето на опцијата за онлајн пријавување, поради новонастанатите Ковид-19 рестрикции, патниците се должни, при нивното пристигнување на аеродромот, да се пријават на шалтерите за пријавување, за проверка и верификација на документите потребни за влез во државата во која патуваат, како и пријавување на нивниот багаж. 

-    Патниците ќе треба дисциплинирано да ги следат упатствата на агентите за обезбедување, и таму, како и при сите процедури каде што се создаваат редици, потребно ќе биде да се држи физичко растојание од најмалку 1,5 метар.

Влезот во терминалната зграда на охридскиот аеродром, почнувајќи од 3-ти мај 2022 година, кога Владата на РСМ ги укина сите заштитни мерки поврзани со ковид-19  https://vlada.mk/node/28642 освен носењето заштитни маски во одредени установи, е дозволен без ограничувања/барања поврзани со ковид-19.

Согласно сé уште актуелните барања за разни документи за патување поврзани со ковид-19 од страна на странските држави, кои нашите вработени задолжително ги проверуваат на на шалтерите за регистрација на патници и багаж, апелираме до сите патници да пристигнат на аеродромот 3 часа пред закажаниот лет.

Ако евентуално одлучите да правите ковид-19 тест во еден од објектите на двете лаборатории на аеродромот, Ве молиме пристигнете на аеродром и порано од 3 часа, а согласно потребното време за изготвување на тестот, кое пак треба да го проверите со соодветната лабораторија. 

- Бизнис и ВИП Салонот се чистат и дезинфицираат според пропишаното од страна на јавните здравствени власти, со зголемена фреквенција врз основа на авиосообраќајот. 
- Поставени се повеќе диспанзери со средство за дезинфекција, врз база на алкохол, со соодветна ознака за патниците.
- Има опција за самопослужување со цел патниците да имаат ограничен контакт со персоналот.

- Ќе се врши честа дезинфекција на површините кои се често се во допир со персоналот и патниците,

- Масите и столчињата ќе бидат дезинфицирани по нивно користење од страна на сите гостите.

- Послужавниците и чиниите ќе бидат отстранети од вообичаените области. Тие ќе им бидат давани на гостите од страна на службениот персонал

- Опремата која се користи  редовно се дезинфицира.

- Физичкото растојание од 1,5метар е минимално во просторот за сите присутни лица и за таа цел околу подот на бесцаринските продавници се поставени водечки знаци.

- Ги советуваме клиентите да користат само безконтактна кредитна или дебитна картичка.

-
Влезот е дозволен за сите патници. Поставени се апарати за дезинфекција врз основа на алкохол пред влегување во бесцаринските продавници.

-    Патниците треба да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет, затоа што најмалку 1 час пред времето на полетување шалтерите за пријавување се затвораат. Ова значи дека патниците најмалку 1 час пред времето на полетување треба да ја имаат завршено процедурата за пријавување, a потоа и процедурите за Пасошка контрола и безбедносна проверка, со цел навреме да пристигнат во зоната за качување во авион, односно кај Излезите.

Корисни информации

Летови
Летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид во реално време

Купување и јадење
Купување и јадење

Погледнете го целиот асортиман на продавници во нашиот трговски универзум. На аеродромот ќе најдете голем избор на продавници за мода, електроника, дизајн и сувенири

Паркинг
Паркинг

Вашиот пат до обезбеден паркинг простор! Искористете ги придобивките од атрактивните онлајн-понуди за паркинг услуги на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид

Често поставувани прашања

 
 

Не постои редовна автобуска линија за патници до Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид, туку само организиран автобуски превоз во рамки на организираните тури/сезонски летови од локалните туристички агенции.

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид работи согласно распоредот на летање.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на аеродромот, во делот за Пристигнувања и Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонските броеви:
++ 389 46 252 820
++ 389 46 252 821
++ 389 46 262 503

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следнава е-пошта: customer.mk@tav.aero

Доколку изгубите Ваш личен предмет во аеродромската зграда, ве молиме истото да го пријавите на Шалтерот за информации или пак на службеник од Одделот за обезбедување. Доколку веќе сте заминати од аеродромот, ве молиме пишете на dutyohd@tav.aero.   
Доколку најдете изгубен/и предмет/и во аеродромската зграда, веднаш пријавете на службени лица од Одделот за обезбедување, или пак на Шалтерот за информации и/или испратете е-порака на dutyohd@tav.aero.  
За изгубени/најдени предмети во авион, или пак во случај на изгубен или оштетен багаж, ве молиме веднаш пријавете кај нашите колеги од Службата за изгубен багаж, лоцирана во делот за подигање багаж, по пасошката контрола во делот за пристигнувања, или пишете на  lostbaggage.ohrid@tav.aero.

 За повеќе информации ве молиме кликнете на следниов линк:
http://ohd.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/airport-facilities-services-mk/page/lost-luggage-mk   

Нема потреба за претходна резервација на паркинг-место.

Ценовник за паркинг на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид:

Паркирање во времетраење До 1 час Од 1 до 2 часа Од 2 до 3 часа Од 3 до 4 часа Од 4 до 8 часа Од 8 до 12 часа Од 12 до 24 часа Од 3 до 7 дена
Цени во МКД 70 80 100 120 130 200 400 1200 (секој нареден час 70 денари)

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате. Одредени авиокомпании не дозволуваат домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

Во моментов – не. На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид е дозволено да се пуши само во отворената тераса на барот сместен пред терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на: customer.mk@tav.aero. Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, кој во најкус можен рок ќе Ви одговори на Вашите прашања.