Што е SMS?

Што е SMS?

  • Осигурување дека нашите добавувачи и подизведувачи ги задоволуваат поставените стандарди за ефикасност при работењето во однос на Системот за управување со оперативна безбедност.
  • Спроведување на сите процедури, инструкции и други правила кои се подготвени за заштита на стандардите за Системот за управување со оперативна безбедност поставени од компанијата и обезбедување одлична ефикасност на системот.
  • Поттикнување на сите вработени да се вклучат во системот со тоа што ќе ги разгледаат сите информации добиени од нив како што се не-казнени известувања како дел од Системот за управување со оперативна безбедност, што придонесува за подобрување на системот.

 

ШТО ПРЕТСТАВУВА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОПЕРАТИВНА БЕЗБЕДНОСТ (SAFETY MANAGEMENT SYSTEM–SMS)?

Системот за управување со оперативна безбедност (SMS) е систем за управување што ни овозможува да ги дефинираме опасностите што може да произлезат за време на нашите активности, да ги пресметаме ризиците, да ги намалиме овие ризици до прифатливо ниво преку имплементација на потребното подобрување, како и преку постојано следење и усовршување на ефикасноста на оперативната безбедност.   

Управувањето со ризици во поглед на оперативната безбедност е основниот услов во воздухопловниот сектор.

Постојаното подобрување на оперативната безбедност во воздухопловството и развојот на услугите што ги нудиме може да биде остварливо и одржливо само кога нашите засегнати страни, чинителите ќе одговорат на прашањето за оперативна безбедност.

Барањата за SMS што Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (International Civil Aviation Organization–ICAO) ги воведе во целиот воздухопловен сектор со Прирачникот за управување со системот за оперативна безбедност 9859-AN / 474 (Safety Management System Manual 9859-AN/474), издание 3.

На национално ниво, воспоставување и имплементација на SMS стана правна обврска за организациите кои се водат според регулативата, правилникот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, објавен во Службен весник 151/2007 на 14.12.2007.

 

Пријавување случаи поврзани со аеродромска оперативна безбедност (ЅМЅ)  

Контакт

Телефон: ++389 2 3148 314; ++389 72 313 956 
Е-пошта: safetyskp@tav.aero

 

 

 

Корисни информации

Летови
Летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид во реално време

Купување и јадење
Купување и јадење

Погледнете го целиот асортиман на продавници во нашиот трговски универзум. На аеродромот ќе најдете голем избор на продавници за мода, електроника, дизајн и сувенири

Паркинг
Паркинг

Вашиот пат до обезбеден паркинг простор! Искористете ги придобивките од атрактивните онлајн-понуди за паркинг услуги на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид

Често поставувани прашања

 

Не постои редовна автобуска линија за патници до Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид, туку само организиран автобуски превоз во рамки на организираните тури/сезонски летови од локалните туристички агенции.

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид работи согласно распоредот на летање.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за регистрација почнува најмалку 120 минути (2 часа) пред предвиденото време на полетување, а во случај на интерконтинентален лет најмалку 180 минути (3 часа) пред времето на полетување назначено на Вашиот авиобилет. Затворањето на аеродромскиот шалтер за регистрација е најдоцна 40 минути пред времето на полетување назначено во Вашиот авиобилет, а во случај на интерконтинентален лет најдоцна 60 минути пред времето на полетување назначено во Вашиот авиобилет.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на аеродромот, во делот за Пристигнувања и Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонските броеви:
++ 389 46 252 820
++ 389 46 252 821
++ 389 46 262 503

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следнава е-пошта: customer.mk@tav.aero

 

Доколку изгубите Ваш личен предмет на аеродромот или во авион, пријавете го во Службата Изгубено/Најдено уште додека сте на аеродромот. Доколку сте излегле од аеродромот, испратете е-пошта на: lostbaggage.ohrid@tav.aero

Доколку пронајдете загубени предмети, веднаш пријавете ги на службени лица од Службата Изгубено/Најдено, вработени од Обезбедувањето, или од Шалтерот за пријавување, и испратете е-пошта на: lostbaggage.ohrid@tav.aero

Нема потреба за претходна резервација на паркинг-место.

Ценовник за паркинг на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид:

Паркирање во времетраење До 1 час Од 1 до 2 часа Од 2 до 3 часа Од 3 до 4 часа Од 4 до 8 часа Од 8 до 12 часа Од 12 до 24 часа Од 3 до 7 дена
Цени во МКД 70 80 100 120 130 200 400 1200
 
Паркирање во времетраење 1 месец
Цена во МКД 1.000

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате. Одредени авиокомпании не дозволуваат домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

Во моментов – не. На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид е дозволено да се пуши само во отворената тераса на барот сместен пред терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на: customer.mk@tav.aero. Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, кој во најкус можен рок ќе Ви одговори на Вашите прашања.