ЧУВАЊЕ БАГАЖ

ЧУВАЊЕ БАГАЖ

Доколку сакате да оставите багаж или некои други предмети за чување, ви стоиме на располагање. Максималното време на чување е 30 дена, за што има надомест за користење на оваа услуга.

За повеќе информации за услугата чување багаж, ве молиме да не контактирате на телефонските броеви дадени подолу:

++ 389 46 252 820
++ 389 46 252 821
++ 389 46 262 503

E-mail: LostBaggage.Ohrid@tav.aero

Ценовник:

Тип на услуга До 4 часа До 12 часа До 24 часа
01 парче рачен багаж (56cm x 45cm x 25cm) 150 250 400
01 парче багаж (поголемо од рачен багаж) 200 300 250
Клучеви, документи, писма - - 250 на ден
Бебешка количка 150 200 250
Инвалидска количка, детско седиште за во кола, транспортер за бебиња 200 300 350
Кутии и пакети 150 250 300

1- Сите цени се изразени во македонски денари.

2- Цените се со вклучен ДДВ.

3- Цените се валидни од 01.01.2015г.

Често поставувани прашања

 

Не постои редовна автобуска линија за патници до Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид, туку само организиран автобуски превоз во рамки на организираните тури/сезонски летови од локалните туристички агенции.

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид работи согласно распоредот на летање.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за регистрација почнува најмалку 120 минути (2 часа) пред предвиденото време на полетување, а во случај на интерконтинентален лет најмалку 180 минути (3 часа) пред времето на полетување назначено на Вашиот авиобилет. Затворањето на аеродромскиот шалтер за регистрација е најдоцна 40 минути пред времето на полетување назначено во Вашиот авиобилет, а во случај на интерконтинентален лет најдоцна 60 минути пред времето на полетување назначено во Вашиот авиобилет.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на аеродромот, во делот за Пристигнувања и Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонските броеви:
++ 389 46 252 820
++ 389 46 252 821
++ 389 46 262 503

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следнава е-пошта: customer.mk@tav.aero

 

Доколку изгубите Ваш личен предмет на аеродромот или во авион, пријавете го во Службата Изгубено/Најдено уште додека сте на аеродромот. Доколку сте излегле од аеродромот, испратете е-пошта на: lostbaggage.ohrid@tav.aero

Доколку пронајдете загубени предмети, веднаш пријавете ги на службени лица од Службата Изгубено/Најдено, вработени од Обезбедувањето, или од Шалтерот за пријавување, и испратете е-пошта на: lostbaggage.ohrid@tav.aero

Нема потреба за претходна резервација на паркинг-место.

Ценовник за паркинг на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид:

Паркирање во времетраење До 1 час Од 1 до 2 часа Од 2 до 3 часа Од 3 до 4 часа Од 4 до 8 часа Од 8 до 12 часа Од 12 до 24 часа Од 3 до 7 дена
Цени во МКД 70 80 100 120 130 200 400 1200
 
Паркирање во времетраење 1 месец
Цена во МКД 1.000

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате. Одредени авиокомпании не дозволуваат домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

Во моментов – не. На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид е дозволено да се пуши само во отворената тераса на барот сместен пред терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на: customer.mk@tav.aero. Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, кој во најкус можен рок ќе Ви одговори на Вашите прашања.