Такси

Такси

Таксито е на располагање според актуелните доаѓања на летови. Цената од Аеродром Св Апостол Павле Охрид е 8 евра (во зависност од саканата локација во Охрид).

Охрид / Струга

  • Аеродром – Охрид, Центар500 Ден. (8€)
  • Аеродром – Св, Наум1.500 Ден. (25 €)
  • Аеродром – Пештани900 Ден. (15 €)
  • Аеродром – Гранит600 Ден. (10 €)
  • Аеродром – Трпејца1.200 Ден. (20 €)
  • Аеродром – Струга, Центар600 Ден. (10 €)
  • Аеродром – Радожда1.000 Ден. (17 €)
  • Аеродром – Велешта900 Ден. (15 €)
  • Аеродром – Октиси900 Ден. (15 €)
  • Аеродром – Вевчани900 Ден. (15 €)



Преминувања Преку Граница

  • Аеродром – Ќафасан900 Ден. (15 €)
  • Аеродром – Богородица7.500 Ден. (125 €)
  • Аеродром – Меџитлија3000 Ден. (50 €)
  • Аеродром – Табановце7.000 Ден. (115 €)
  • Аеродром – Деве Баир10.000 Ден. (165 €)


Грција

  • Аеродром – Атина20.000 Ден. (330 €)
  • Аеродром – Тесалоники10.000 Ден. (165 €)


Албанија

  • Airport – Tirana8.000 Den. (130 €)
  • Airport – Elbasan4.200 Den. (70 €)
  • Airport – Korcha4.200 Den. (70 €)
  • Airport – Pogradec2.000 Den. (35 €)


Македонија

  • Аеродром – Берово10.500 Ден. (170 €)
  • Аеродром – Дебар2.500 Ден. (40 €)
  • Аеродром – Битола2.500 Ден. (40 €)
  • Аеродром – Делчево10.500 Ден. (170 €)
  • Аеродром – Демир Капија 6.000 Ден. (100€)
  • Аеродром – Дојран7.500 Ден. (120 €)
  • Аеродром – Гевгелија7.500 Ден. (120 €)
  • Аеродром – Гостивар3.600 Ден. (60 €)
  • Аеродром – Кавадарци5.500 Ден. (90 €)
  • Аеродром – Кичево2.200 Ден. (35 €)
  • Аеродром – Кочани7.500 Ден. (120 €)
  • Аеродром – Кратово7.500 Ден. (120 €)
  • Аеродром – Крива Паланка9.000 Ден. (150 €)
  • Аеродром – Крушево4.000 Ден. (65 €)
  • Аеродром – Куманово6.500 Ден. (110 €)
  • Аеродром – Неготино5.800 Ден. (95 €)
  • Аеродром – Скопје5.800 Ден. (95 €)
  • Аеродром – Прилеп3.600 Ден. (60 €)
  • Аеродром – Радовиш7.500 Ден. (120 €)
  • Аеродром – Ресен1.500 Ден. (25 €)
  • Аеродром – Штип6.500 Ден. (110 €)
  • Аеродром – Струмица7.500 Ден. (125 €)
  • Аеродром – Свети Николе6.000 Ден. (100 €)
  • Аеродром – Тетово4.200 Ден. (70 €)
  • Аеродром – Велес5.500 Ден. (90 €)

Аеродром – Виница7.800 Ден. (130 €)

Корисни информации

Летови
Летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид во реално време

Купување и јадење
Купување и јадење

Погледнете го целиот асортиман на продавници во нашиот трговски универзум. На аеродромот ќе најдете голем избор на продавници за мода, електроника, дизајн и сувенири

Паркинг
Паркинг

Вашиот пат до обезбеден паркинг простор! Искористете ги придобивките од атрактивните онлајн-понуди за паркинг услуги на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид

Често поставувани прашања

 

Не постои редовна автобуска линија за патници до Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид, туку само организиран автобуски превоз во рамки на организираните тури/сезонски летови од локалните туристички агенции.

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид работи согласно распоредот на летање.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за регистрација почнува најмалку 120 минути (2 часа) пред предвиденото време на полетување, а во случај на интерконтинентален лет најмалку 180 минути (3 часа) пред времето на полетување назначено на Вашиот авиобилет. Затворањето на аеродромскиот шалтер за регистрација е најдоцна 40 минути пред времето на полетување назначено во Вашиот авиобилет, а во случај на интерконтинентален лет најдоцна 60 минути пред времето на полетување назначено во Вашиот авиобилет.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на аеродромот, во делот за Пристигнувања и Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонските броеви:
++ 389 46 252 820
++ 389 46 252 821
++ 389 46 262 503

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следнава е-пошта: customer.mk@tav.aero

 

Доколку изгубите Ваш личен предмет на аеродромот или во авион, пријавете го во Службата Изгубено/Најдено уште додека сте на аеродромот. Доколку сте излегле од аеродромот, испратете е-пошта на: lostbaggage.ohrid@tav.aero

Доколку пронајдете загубени предмети, веднаш пријавете ги на службени лица од Службата Изгубено/Најдено, вработени од Обезбедувањето, или од Шалтерот за пријавување, и испратете е-пошта на: lostbaggage.ohrid@tav.aero

Нема потреба за претходна резервација на паркинг-место.

Ценовник за паркинг на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид:

Паркирање во времетраење До 1 час Од 1 до 2 часа Од 2 до 3 часа Од 3 до 4 часа Од 4 до 8 часа Од 8 до 12 часа Од 12 до 24 часа Од 3 до 7 дена
Цени во МКД 70 80 100 120 130 200 400 1200
 
Паркирање во времетраење 1 месец
Цена во МКД 1.000

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате. Одредени авиокомпании не дозволуваат домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

Во моментов – не. На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ - Охрид е дозволено да се пуши само во отворената тераса на барот сместен пред терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на: customer.mk@tav.aero. Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, кој во најкус можен рок ќе Ви одговори на Вашите прашања.