Здравје и безбедност (КОВИД-19)

Здравје и безбедност (КОВИД-19)

Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид е подготвен да ве пречека!

Почитуван Патнику,

Сега, кога Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид е повторно отворен за летови , го правиме најдоброто за да ве увериме дека можете да се чувствувате безбедно додека патувате преку аеродромот. 
Ги следевме препораките на националните и меѓународните здравствени власти, како и најдобрите практики од воздухопловната индустрија и подготвивме и имплементиравме нов Протокол за аеродромско работење во време на пандемија.

Ги вложивме сите наши напори, знаења и вештини, со цел аеродромот да биде безбеден за вашите патувања и за вашите нови авантури.
Нашиот план за чистење, дезинфекција и одржување хигиена, е креиран со цел  вие да бидете сигурни и без грижи во однос  на вашето здравје и вашата безбедност, додека сте на аеродромот.  
Нашиот искусен персонал е подготвен да ве упати и да ви помогне, со цел да се обезбеди здрава и безбедна средина за вас.  


КОВИД-19 ПОТСЕТНИК ЗА ПАТНИЦИ
(ЗА ПОВЕЌЕ ИНФО ВЕ МОЛИМЕ КЛИКНИ НА ФОТОГРАФИЈАТА)

АЕРОДРОМОТ СВ. АПОСТОЛ ПАВЛЕ – ОХРИД АКРЕДИТИРАН СО ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ ЗА АЕРОДРОМИ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ СОВЕТ НА АЕРОДРОМИ
Како резултат на спроведувањето на Протоколот за аеродромско работење во време на пандемија, од страна на ТАВ Македонија, Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид го доби Здравствениот Сертификат за аеродроми од страна на Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International), во рамки на нивната Здравствена програма за акредитација на аеродроми.
Станува збор за  нов меѓународен репер во однос на спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот, креиран за да помогне да се увери патувачката јавност дека аеродромските објекти остануваат безбедни и дека се преземаат мерки на претпазливост за да се намали ризикот по нивното здравје.

ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОВИД-19 НА АЕРОДРОМОТ СВ. АПОСТОЛ ПАВЛЕ ОХРИД

Со почетокот на летниот ред на летање на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид и поради барањата на многу земји за задолжителен негативен КОВИД -19 тест, како предуслов за патување по водушен пат, ТАВ Македонија, како аеродромски оператор за кого клиентите се од врвен приоритет, сега овозможува КОВИД-19 тестови за патување, односно брзи антигенски тестови кои се прават на охридскиот аеродром непосредно пред заминувањето на патникот.

Во непосредна близина на терминалната зграда на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, се наоѓаат пунктови за тестирање на овластени лаборатории, каде патниците можат да ги извршат бараните брзи КОВИД-19 тестови и да добијат резултати за 20 – 30 минути од земањето примерок.

За детални информации поврзани со тестови кои се прифаќаат во земјите од ЕУ/ Шенген зоната, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која патувате и амбасадата на земјата во која патувате.

Доколку одлучите да правите брз антигенски тест на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, апелираме да пристигнете на аеродромот најмалку 4 часа пред времето на полетување.

Со оглед на тоа што земјите од ЕУ/Шенген зоната постојано ги менуваат условите за патување поврзани со КОВИД – 19 и секоја земја самостојно прави промени во рестрикциите за граѓаните на Република Северна Македонија, апелираме до патниците пред да тргнат на нивното патување, задолжително да ги проверат последните барања со авиокомпанијата со која патуваат и со aмбасадата на земјата во која патуваат.