COVID-19 – Важна информација за патниците на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид

COVID-19 – Важна информација за патниците на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид

Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија донесена вечерва на 14.3.2020, за затворање на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, сакаме да Ве информираме дека ТАВ Македонија одлучи да го затвори Аеродромот во Охрид почнувајќи од полноќ – 15.3.2020 година, со цел да ги поддржи владините напори за спречување на ширење на Коронавирусот.
Како аеродромски оператор, за оваа одлука ги известивме сите авиокомпании кои летаат од/до аеродромот Св. Апостол Павле и им го понудивме Меѓународниот Аеродром Скопје како опција за пренасочување на нивните летови.
За информации во врска со утрешните летови кои требаше да се реализираат од Охридскиот аеродром, од следните дестинации, времиња на пристигнување и авиокомпании:  
Виена - 7 часот и 50 минути - Визер 
Цирих - 8 часот и 55 минути - Еделвајс
Малме - 17 часот и 35 минути - Визер
Базел -  18 часот и 30 минути – Визер
ги замолуваме сите патници да ги контактираат нивните авиокомпании.