E-mail  l  Содржина  l  Контакт
 Intranet  E-mail
MKEN
За насЛетовиПатнициСодржини и сервисиДо аеродромотКарго
    OHD време:  20.06.2013, 08:35
 

ВЕСТИ
 

ЕВРОПСКИОТ ПАТНИЧКИ СООБРАЌАЈ ВО ПОРАСТ ОД 27,1% ВО ТЕКОТ НА АПРИЛ 2011 ГОД.
13 Јуни 2011 година

European passenger traffic up 27.1% during April 2011

Брисел, 9 јуни 2011 год.: Последните податоци за сообраќајот на европските аеродроми во текот на април 2011 година се искривени во споредба со април 2010 година, кога облаците од вулканската пепел од Ејафјалајокул го затворија поголемиот дел од воздушниот простор во Европа за неколку дена. Како резултат на тоа, вкупниот патнички сообраќај на европските аеродроми е зголемен за 27,1% во април 2011 година во споредба со април 2010 година. Вкупниот карго сообраќај меѓу европските аеродроми се зголеми за 13,9% во април 2011 година во споредба со соодветниот месец во 2010 година.

Вкупната бројка на движења на европските аеродроми се зголеми за 18,4% во споредба со април 2010 година.

Аеродроми со повеќе од 25 милиони патници годишно (група 1), аеродроми со помеѓу 10 и 25 милиони патници (Група 2), аеродроми со помеѓу 5 и 10 милиони патници (Група 3) и аеродроми со помалку од 5 милиони патници годишно (Група 4) имаа просечно соодветно зголемување од 25,6%, 30,1%, 25,2% и 26,8%, во споредба со април 2010 година. Истата споредбата на Април 2011 година со април 2009 година покажува просечно соодветно зголемување од 8,2%, 14,1%, 8,8% и 15,5%.

Примери на аеродроми каде што имало најголем пораст во патничкиот сообраќај по групи, кога ќе се споредат Април 2011 година со април 2010 година:

Група 1 аеродроми - Амстердам (37,2%), Лондон LGW (34,4%), Минхен (32,1%) и Лондон LHR (31,3%)
Група 2 аеродроми - Хелсинки (58,3%), Стокхолм ARN (48,8%), Осло (47,4%) и Берлин TXL (44,7%)
Група 3 аеродроми - Тенерифе TFS (49,5%), Фаро (45,2%), Единбург (43,9%) и Порто (36,6%)
Група 4 аеродроми - Бургас (197,9%), Љубљана (114,3%), Каунас (104,1%), и Малме (71,0%).

*Прилагодени бројки Одделно, со претпоставка дека во април 2010 година сообраќајот не бил во прекин поради вулканската пепел и со истата стапка на раст како и во првиот квартал во 2010 (± 5,3% за целиот примерок), прилагодените бројки за процентот на пораст на сообраќајот се како што следува:

Прилагодена* статистика за сообраќај во Април 2011
  Апр11/Апр10 Апр11/Апр09
Група 1 +3.7% +8.2%
Група 2 +6.1% +14.1%
Група 3 +4.5% +10.7%
Група 4 +6.1% +9.5%
Вкупно Европа +4.9% +10.6%

Извештајот на "ACI Еurope“ за сообраќај на аеродромите за април 2011 вклучува вкупно 169 аеродроми.

 
Испрати ја страната
 
Вести
13.06.2011
Европскиот патнички сообраќај во пораст од 27,1% во текот на април 2011 год....
31.05.2011
Wizz Air opens new route from Skopje to Venice Treviso...
29.03.2011
Бројот на патници во Европа зголемен за 7.5% во Јануари...
архива
 
За нас l Летови l Патници l Содржини и сервиси l До аеродромот l Карго
   
  • facebook
  • twitter