БРОЈОТ НА ПАТНИЦИ ВО ЕВРОПА ЗГОЛЕМЕН ЗА 7.5% ВО ЈАНУАРИ 29 Март 2011 година
Брисел, 11 Март 2011 год: Вкупниот патнички сообраќај на европските аеродроми се зголеми за 7,5% во јануари 2011 год. во споредба со јануари 2010 год.
Вкупниот карго сообраќај меѓу европските аеродроми се зголеми за 10,3% во јануари 2011 год. во споредба со соодветниот месец во 2010 год. Вкупната бројка на операциите на европските аеродроми се зголеми за 5,2% во јануари 2011 год. во споредба со јануари 2010 год.
Оливие Јанковец, Генерален директор на “ACI Еurope” коментира: “Со ваквиот ветувачки пораст во јануари, изгледа како да сме стигнале до пресвртницата. Довербата на потрошувачите е во пораст, авиокомпаниите ги зголемуваат капацитетите и се појавуваат знаци на динамичен раст кај големите и малите европски аеродроми. Сепак, политичката нестабилност на другата страна од Медитеранот и Блискиот Исток, во комбинација со алармантниот пораст на цените на нафтата и тековната должничка криза на државите во Европа, сето тоа продолжува да фрла значителна сенка во месеците што следат.”
Аеродроми со повеќе од 25 милиони патници годишно (Група 1), аеродроми со помеѓу 10 и 25 милиони патници (Група 2), аеродроми со помеѓу 5 и 10 милиони патници (Група 3) и аеродромите со помалку од 5 милиони патници годишно (Група 4) пријавиле просечно зголемување / намалување од +7,7%, +7,0%, +7,1% и +8,6% соодветно, во споредба со јануари 2010 година. Истата споредба на јануари 2011 год. и јануари 2009 год. покажува просечно зголемување од +11,2%, +12,9%,+9,5% и +11,5% соодветно.
Примери на аеродромите кои имале најголем пораст во патничкиот сообраќај по групи, кога ќе се споредат јануари 2011 год. со јануари 2010 год. вклучуваат:
- Аеродроми Група 1 – Барселона (+19,9%), Минхен (+19,5%), Лондон LGW (+11,7%) и Амстердам (+10,8%)
- Аеродроми Група 2 – Москва SVO (+20,5%), Стокхолм ARN (+15,0%) и Берлин TXL (+11,1%)
- Аеродроми Група 3 – Анкара (+19,4%), Лион (+19,0%), Единбург (+13,5%) и Тулуз (+13,4%)
- Аеродроми Група 4 – Охрид (+169,8%), Каунас (+85,3%), Бургас (+65,1%) и Бриндизи (+58,0%)
Извештајот на “АCI Еurope” за сообраќајот на аеродромите за јануари 2011 год. вклучува вкупно 171 аеродроми. Овие аеродроми претставуваат 88,4% од европскиот патнички сообраќај.
|