Карго центарот при Аеродром Св. Апостол Павле Охрид, има во употреба 500м2 царинска магацинска површина, опремена со опрема за ракување со карго, истовар и утовар на воздухоплови и рампи за утовар и истовар на возила. Како дополнително, овозможуваме ветеринарна и фитопатолоска контрола од страна на овластени извршители, за расиплива стока, како и создавање на можности за подигање на пристигнатата стока истиот ден по нејзиното пристигнување. Нашите постојни капацитети се во можност да задоволат и поголеми барања од нашите клиенти.
Нашиот сигурносен систем, видео надзор на ракување и чување, како и информациониот систем, обезбедуваат континуиран проток на навремени информации, стоки и податоци во сите насоки. |