Службата за изгубен багаж се наоѓа во делот за подигање багаж, по пасошката контрола во делот за пристигнувања.
Во случај на непристигнување на багажот, патникот е должен со авионската карта и привезокот за багажот веднаш да се обрати до служба за изгубен багаж.
Службата за изгубен багаж ги нуди следните услуги: отворање на записник за непристигнат багаж, електронско лоцирање и трагање за багажот.
Во случај на пристугнување на оштетен багаж или од багажот да недостасуваат работи, патникот е должен да се обрати во службата за изгубен багаж за да отвори записник за оштетен багаж.
Тел: + 389 46 252 820 или 389 46 252 821
Факс: + 389 46 262 503
E-mail: llohrid@airports.com.mk
Доколку сте патувале со некоја од компаниите подолу можете да трагате по вашиот изгубен багаж преку следните линкови и да ги следите упатствата:
|