Изберете аеродром
 
  OHD :  14.12.2017,07:13
 
 

БАГАЖ

Основни правила

Патникот го предава својот багаж на шалтерот за чекирање. По завршувањето на процедурите за чекирање, патникот добива белешка за чекиран багаж (стикер). 
Дозволената тежина на багаот варира во зависност од превозникот и патничката класа.

Просечно дозволената тежина на багаот е:

  • 30 кг за бизнис класа
  • 20 кг за економска класа
  • 10 кг за деца до 2 годишна возраст

Вишокот на багаж се наплаќа, висината на надоместокот ја пропишува  авиопревозникот.
Во чекираниот багаж не е дозволено носење на опасни материи.

Додека сте на аеродромот треба да обратете внимание на следното:

 Процедури за предавање на багажот:

  • Не оставајте го вашиот багаж без придруба, заклучен, одбелеен со име презиме и адреса, се додека не го предадете на шалтерот за чекирање,
  • Ви препорачуваме секогаш да водите сметка за рачниот багаж
  • Не пријавувајте туѓ багаж на шалтерот за чекирање како ваш, бидејќи туѓиот бага мозе да содри предмети кои моат да ве доведат во ситуација на опасност или одговорност пред соодветните безбедносни служби;


Рачен багаж

Авиопревозниците индивидуално ги пропишуваат  димензиите и тежините на багажот кој може да се понесе во патничката кабина како рачен багаж;
Кога го букирате вашиот лет информирајте се за дозволената тежина и димензии на рачниот багаж.
Тежината и димензиите на рачниот багаж се лимитирани. Во праксата, најчесто дозволена тежина на рачниот багаж е од 5 до 10кг. а вкупниот збир од  должина, висина и широчина да не е повеќе од 115цм.
Информациите во врска со предметите кои не е дозволено да се внесат во патничката кабина можете да најдете на кориците од авионската карта, како и на постерите во зоната за чекирање на Аеродромот Свети Апостол Павле – Охрид.


Опасни материи

Информации во врска со предметите кои не се дозволени да се  носат во патничкиот багаж  можете да најдете на кориците од авионската карта, како и на постерите во зоната за чекирање на Аеродромот Свети Апостол Павле – Охрид. 
Основни групи на опасни материи во патничкиот багаж и багажот на екипажот се:

  • Предмети кои не се прифатливи во воздушниот превоз;
  • Предмети кои се прифатливи во воздушниот превоз но под одредени услови, во зависност од видот дефиниран со прописите за превоз на опасни материи.


Забранети материи

Следните предмети се забранети за превоз во рачниот или чекираниот багаж:

  • Солзавец и други иритирачки или необични спрејови;
  • Литиумски батерии и пиротехнички материјали;
  • Сигнални ракети, ракети за огномет;
  • Плин, керозин, гориво, боци со плин или гориво за полнење на запалки;
  • Цилиндри со кислород, кибрити;
  • Боци со сода, уреди за подводно заварување;
  • Автомобилски акумулатори;
  • Агенси кои се користат во домаќинството;
  • Отрови, бои и лакови;


Материи кои се дозволени за превоз

Постојат опасни материи кои се прифатливи во воздушниот превоз под одредени услови. Тоа се следните материи:

  • Жестоки пијалоци  носени од патниците или екипажот како чекиран багаж. Дозволена количина е до 5 литри по патник со процент на алкохол од 24 до 70%
  • Сув мраз – како средство за одржување на храна или пијалоци, со дозвола од превозникот може да биде прифатен како чекиран багаж. Дозволена количина е до 2 кг по патник.
  • Запалка – Дозволено е една запалка или кибрит по патник
  • Замрзнат течен азот
  • Спрејови за коса, дезодоранси, парфеми, колонски води и други спрејови. Дозволени се за превоз во количина од 2 литри тоест 2 кг по патник. Секоја индивидуална единица со предмети за лична хигиена нетреба да биде повеќе од 0,5 литри тоест 0,5 кг.
  • Опрема за гнурење - боцата со кислород и подводната лампа се дозволени за превоз само во рачниот багаж, под услов да бидат одстранети сите термални и енергетски елементи.
  • Инвалидски колички со батерии, можат да се превезуваат со дозвола од превозникот.

 

 
 
 
  OHD :  14.12.2017,07:13
Временски услови
6°C Current
Притисок:30850.01 mb
Ветер:22.53 kph
Временска прогноза
Тековна Денес Утре
Current Today Tommorow
6 °C 6/9 °C 5/12 °C
Вести
ТАВ: Естонската Нордика ќе почне со летови Охрид-Талин од 2018 година...
26/9/2017
На охридскиот аеродром: ТАВ го пречека првиот чартер-лет од Полска...
22/6/2017
архива
Летови l Патници l Содржини и сервиси l До аеродромот l Карго l За нас
  • facebook
  • twitter