Пријавување на патници
Секој шалтер за пријавување на патници има дестинација на летот. Кога се пријавува за лет, на патникот му се дава купон за лет - пропусница за качување.
Превозниците практикуваат пријавување според лет ( пријавување за одреден лет на одреден шалтер)
Шалтерите за интернационалните летови се отвараат 90 минути пред времето на поаѓање според распоредот.
Шалтерите за интернационалните летови обично се затвораат 30 до 40 минути пред времето за поаѓање според распоредот.
Кај авиопревозникот можете да се информирате за точното време на затворање на шалтерот пред заминување.
При качување во воздухопловот секој патник треба да има пропусница за качување со него/неа безразлика на возраста.
|